Д-р САШКО НИКОЛОВ: Изградивме мостови кои ја определуваат нашата просперитетна иднина

Штип, 26.07.2020

Кандидатот за пратеник од листата на СДСМ и коалицијата во третата изборна единица д-р Сашко Николов, на прес конференција пред новиот мост „Иднина“ кој Штип го изгради годинава по 60 годишна апстинецнија од вакви градби, порача дека мостот фактички, и симболично укажува на важноста на правилното инвестирање во ваков грандиозен објект кој нѐ поврзува и ни овозможува напредок и светла иднина.

-Се наоѓаме пред мостото „Иднина“ чие име и симболично укажува на важноста за правилното инвестирање, за напредок и светла иднина на македонските граѓани. Во изминатите три години колку што СДСМ е на власт се посветивме на градење и санација на мостови насекаде низ земјата. Изградивме 28 мостови во државата, и нема да застанеме тука, а во регионот ќе се посветиме на мостовите на делниците Куманово –  Свети Николе, Лакавица – Неготино, Ратавица – Злетово, Виница – Берово, рече Николов.

Според Николов, овие мостови не само што поврзуваат две страни туку помагаат во надминувањето на граѓанските разлики, тоа се мостови за меѓуетничка соработка, мостови на сите заедници и држави во регионот, овие мостови ни го трасираа  патот до НАТО и полека и сигурно ни го трасираат патот до ЕУ.

-Само преку влезот во НАТО нашата држава доби пристап до пазар од 4 милијарди  евра годишно, а придобивките продолжуваат да растат. Членството во НАТО е нашата влезна карта за ЕУ. Подготвени сме, знаеме и можеме  до 2024 година да отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, посочи Николов.

Николов уште порача:

-Градевме и градиме мостови затоа што само на тој начин никогаш повеќе нема да сме сами, изолирани и незаштитени. Затоа што само така си обезбедуваме сигурна иднина за нас и за нашите деца.

Затоа на 15 јули сите заедно ќе одбереме да продолжиме да чекориме по нашиот прав пат, ќе продолжиме силно да чекориме со нашите сојузници од НАТО алијансата и со силна и масивна подршка од македонските граѓани ќе одиме на голема победа за формирање на вистинска и прогресивна политичка влада предводена од СДСМ, рече д-р Сашко Николов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе