Евроамбасадорот Едвард Гир во целодневна работан посета на руралната општина Дебрца

Охрид, 3 март 2013

– Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Давид Гир, денешниот ден го мина во целодневна работна посета на општина Дебрца.

Притоа, евроамбасадорот Гир имаше работна средба со градоначалникот Зоран Ногачески и членовите на Советот на Општина Дебрца, по што изврши посета и промоција на дел од претходно реализираните проекти,  поддржани и од страна на Европската Унија.

Амбасадорот Гир со своите соработници, имаше повеќе часовна средба и размена на идеи и искуства со претставници на невладиниот сектор.

Теми на интерес беа прашања од доменот на културно-историскиот развој и наследство на оваа историска територија, позната од времето на НОВ во Втората светска војна, при што, како локација, беше одбрано селото Црвена Вода и угостителско-рекреативниот центар “Бела каса”, на 1.25о метри надморска височина.

Исто така, стана збор за неограничените, но, недоволно искористени потенцијали за развој на руралниот туризам, производството на еколошка храна, пчеларството, ловот и риболовот.

За Балканскиот поетски камп “Ванчо Николески”, единствената таква манифестација на овие простори, зборуваше организаторот Веле Митаноски, од Здружението за култура и литература “Мацково”, кој на гостинот му подари книга поезија и хроника на селото.

Свои искуства, но, и потреби, споделија Ѓоко Зороски од Здружението за екологиоја и туризам “Еко-Туризам”, Елеонора Велјаноска Пероска од Мрежата на млади фармери “Дебрца”, од селото Мешеишта, Константин Здравески од “Еко мен Лог”,  подружница “Дебрца” претставникот на општина Дебрца ,Ангел Секулоски и други.

Сопствениците на комплексот “Бела Каса”, Кате и Васил Граждани, на негово барање, го информираа амбасадорот Гир со развојните планови, но, објективните потешкотии и пречки, кои с ,пред се, од комунален карактер и непристапност, за што сами се уверија гостите, заглавени во дебела кал.

Евроамбасадорот Гир, денеска, имаше средба и со претставници од бизнис заедницата во општина Дбрца граѓани.

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе