Експериментот ВАБО се покажува успешен, конфекцијата бележи подобро искористување на работното време и поголеми плати на работниците

Штип, 12.04.2022

Од почетокот на тековната година познатата штипска конфекција Вабо премина во рацете на работниците. Нашиот портал тогаш донесе интересна сторија за ваквата одлуката на сопственикот Ване Богдов.

278036490_1141341166690220_4857388154688971764_n
Николова и Роглев

-Во оваа стопанска гранка сум 32 години, во еден миг почуствував дека кај мене го снемува мотивот за работа, а бидејќи моите две деца не сакаат да се занимаваат со конфекциско производство, а воден од примарната цел нашите 120 работници да можат да работат и да земат пристојни плати се одлучив на ваков чекор. Убеден сум дека работниците и новите раководители ќе донесат нова енергија, дека во првите три до шест месеци ќе го зголемат производството за најмалку пет проценти што ќе се одрази и на платите на вработените, изјави тогаш Богдов за нашиот портал.

Богдов на работницте не им ја даде конфекцијата во сопственост туку на користење, се обврза дека со своите врски со западните партнери ќе обезбедува работа, дека се што ќе спечалат вработените ќе биде во нивна полза.

Денес, речиси 3,5 месеци по чинот кој ја шокира Македонија, излегува дека Богдов бил во право за се што го кажал кога ја носел неверојатната одлука.

-Може аргументирано да се каже дека овој „експеримент“ се покажува како ветувачки. За 3,5 месеци имаме подобро искористување на работното време, а со тоа и поголема продуктивност што резултира со зголемено производство за пет проценти, а се заедно и со поголеми плати од 2.000 денари во просек, ни изјавија Тања Николова и Дарко Роглев, кои раководат со фабриката..

Николова 21 година е во Вабо, ги поминала сите работни позиции од работничка на машина до шеф на производство.-За мене е најважно тоа што едно време бев нормирка па знам колку реално една работничка може да изработи во рамките на  операцијата која ја работи. Работниците се свесни дека нивната плата зависи од нивната редовност, продуктивност и квалитет и поради тоа ние денес речиси и немаме доцнење на работа,а отсуствата се енормно намалени, вели Николова.

Дарко Роглев е економист. Вели дека иако со Николова раководат со конфекцијата Вабо, неретко знаат да се фатат и за физички работи во погоните.

. –Кога има слободно време од други обврски Тања знае да седне на машина, на  неа таа работа и е одлично позната, јас пак пакувам, товарам, растоварам. Го користиме и ние секој момент за сите заедно да придонесеме како за успехот на претпријатието исто така и за поголема заработка, појаснува Роглев.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе