Жива класика

Свети Николе, 21.03.2021

Пишува: Јована Златева
Пишува: Јована Златева

Театралните деца, децата кои уживаат во читањето книги, децата кои имаат бујна фантазија и оние кои се вљубени во уметноста се оние за кои е создаден овој конкурс. Конкурс чија цел е да ги инспирира овие млади луѓе да го прават она во кое уживаат, читањето на проза на руски јазик.

Не само што овој конкурс им дава прекрасна можност на децата подобро да го искусат светот на литертурата, туку и ги зближува децата од целиот свет, и им нуди едно незаборавно искуство. Во денешното модерно време на глобализација и технологија не смееме да заборавиме и на литературата и на уметноста. Овој интернационален руски конкурс ја оживува класиката. Отворен е пред само десет години, а во него учествувале повеќе од десет милиони ученици, од осумдесет и пет региони во Русија и осумдесет држави во светот.

За прв пат конкурсот бил одржан во Санкт Петербург во 2011 година. Конкурсот се состои од неколку етапи: класен, школски, реонски, регионален, руски и меѓународен етап и суперфиналето. Рускиот и меѓународниот етап се одвиваат во МДЦ “Артек” во период од 15 мај до 5 јуни. Трите најдобри напреварувачи потоа преминуваат во суперфиналето кое се одвива со Санкт Петербург. Комисијата за финалето се состои од доста познати писатели, актери и режисери.

Кај нас во Македонија конкурсот се одржува во центарот за дополнителна обука на руски јазик “Озарение” кој се наоѓа во Скопје. Од таму првите три места го продолжуваат натпреварот во Артек. Оваа година првите три места ги добија Даниела Теова од Велес која освои прво место, Карина Јарошчук од Крива Паланка која го освои второто место и Кристијан Шишковски од Скопје кој го освои третото место. Честитки до нив и многу среќа во понатамошните етапи од натпреварот. Резултатите од националниот натпревар беа објавени на тринаесети март 2021 година.

PS: Во 2017 година авторот на статијата Јована Златева, која живее во Свети Николе, беше победничка во меѓународниот етап кој се одржа во Крим, Русија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе