ЗАЕВ ОД ШТИП: Младите и да не помислуваат да си одат од Македонија

Штип, 07.10.2017

Македонија е гладна за дебати. Македонскиот народ сака непосредни средби со луѓето кои се на највисоки функции. За да се видат, за да постават важни прашања, за да ги добијат бараните одговори.

Во таков елемент денес во Штип, во преполнетата со народ уметничка галерија Безистен, час и половина, премиерot Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на Штип од коалицијата предводена од СДСМ- Благој Бочварски одговараа на бројните прашања на штипјани.

DSC_3370Спротивно од „патриотите“ кои своите деца ги испратија на школување, а потоа и на работа  во странство, премиерот Заев јасно кажа дека неговите деца ќе се школуват на Универизтетот „Гоце Делчев“-Штип. Тој вети дека овој и сите наши други универзитети ќе ја добијат сета неопходна поддршка за обезбедување квалитеттно образование. Потоа, спротивно на постапките на „патриотите“ кои се гордеат со тоа што нивните деца се вработиле во странство, Заев рече дека неговите деца ќе живеат и работат во својата држава.

-Ви се обраќам на вас младите кои сте иднината на нашата Македонија. Да не сте смееле ниту да помислите да ја напуштитете нашата татковина. Како Влада носиме голем број мерки кои ќе овозможат младите луѓе, и оние факултетски образовани и оние кои ќе се одлучат да бидат мајстори на некој занает, да си останат дома. Да имаат работа согласно своите квалификации и способности, да имаат добри плати, а со тоа и добар живот во Македонија. Зашто одамна е речено дека само дома си е дома, рече Заев. Потоа премиерот ги појасни мерките на Владата за стимулирање на младите луѓе во процесите на нивно вработување.

Премиерот говореше и за бројните зафати за процвет на економијата, за Источна Македонија како развиена и привлечна за сите генерации, за квалитетно инфраструктурно поврзување на регионите и градовите, за нов живот во нашите села и за инфраструктурно уредување на градовите.

DSC_3369Говорејќи за спортот и за културата премиерот беше дециден дека овие области се запоставени од претходната власт.-Се пофалија дека изградиле многу спортски објекти, а спортот наш е на колена. На спортските колективи во сите области ќе им обезбедиме значајна финансиска поодршка за да станат конкурентни и надвор од нашата татковин, рече Заев.

Во однос на образованието премиерот порача дека нашите деца се проптоварени со предмети,дека немаат време да си го изживеат детставото. Тој најави намалување на бројот на предмети за децата да можат да се посветат на она за кое се надарени и за кое се определени.

Одговарајќи на бројни прашања кои се од значење за развојот на Штип и општината, Благој Бочварски рече дека кога социјалдемократите со своите политички партнери ќе ја превземат локалната власт за кусо време ќе се видат квалитетните промени.

-И од ова место ви ветувам дека ќе го решиме сообраќајниот хаос во градот, дека на Суитлакот ќе изградиме Спортско рекреативен центар со дом за боречки спортови, аква парк, базен со топла и со ладна вода, многу зеленило, шеталишта, велосипедски патеки и слично. Ви ветува една целосно отворена и транспарентна локална власт која ќе биде на ваша услуга, ви ветувам јавни дебати по сите прашања на кои редовно како градоначалник ќе одам за заедно да го уредуваме Штип како дом на сите нас. Нема да бегам од соочувања со народот, ниту со политичките неистомисленици  како што тоа го пави мојот политички конкурент, порача Бочварски.

Според Бочварски, сите училишта ќе добијат максимални услови за работа, стадионот ќе се уреди по европски стандарди, вирусот на непотизмот ќе биде исчистен од градот и општината, неговиот кабинет ќе биде отворен за сите граѓани, тој ќе биде оној кој ќе слуша кога граѓаните говорат, а не како што е сега случај со градоначалникот во заминување…

-Носиме живот за сите во Штип и во Македонија, порачаа Заев и Бочварски.

Ви се обраќам на вас младите кои сте иднината на нашата Македонија. Да не сте смееле ниту да помислите да ја напуштитете нашата татковина. Како Влада носиме голем број мерки кои ќе овозможат младите луѓе, и оние факултетски образовани и оние кои ќе се одлучат да бидат мајстори на некој занает, да си останат дома и да бидат задоволни од својот живот, порача ЗАЕВ

И од ова место ви ветувам дека ќе го решиме сообраќајниот хаос во градот, дека на Суитлакот ќе изградиме Спортско рекреативен центар со дом за боречки спортови, аква парк, базен со топла и со ладна вода, многу зеленило, шеталишта, велосипедски патеки и слично, рече Бочварски…

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе