ЗАЕВ: Пониква станува атрактивен зимски туристички центар

Кочани, 24.12.2020

Претседателот на Владата на РС Македонија Зоран Заев го посети Спортско-рекреативниот центар „Пониква“, каде се завршени или се во тек неколку проекти во функција на развојот на туризмот, меѓу кои е реконструкцијата на ски-лифтовите.

Во присуство на градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, Ии на Општина Пробиштип Драган Анастасов, а во придружба на министрите a за локална самоуправа и за животна средина, Горан Милевски и  Насер Нуредини, беше истакната заложбата за активирање на потенцијалите за атрактивен регионален зимски центар и продолжување со инвестиции кои ја покажуваат грижата за заживување на македонскиот туризам.

– Владата издвои средства да се реконструира патот Кочани – Пониква за еден помасовен туризам на Пониква, а Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка, обезбедија 5 милиони денари да се реконструираат и да се стават во функција ски-лифтовите во овој наш зимски центар со огромни потенцијали – соопшти премиерот Заев.

132755375_836778777161984_3104924850886006295_nМинистерот за локална самоуправа Горан Милевски истакна дека со повеќе значајни проекти Пониква го добива вистинскиот лик на спортско-рекреатицен центар.

– Целта е да привлечеме туристи и граѓаните да зимуваат во домашните туристички центри. Ова е важно и за туризмот и за севкупниот економски развој на државата – додае Милевски.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се осврна на заштитата на природата.

– Со прогласувањето на Осогово за заштитен предел, процентот на заштитени подрачја во државата се зголеми на 10,8 отсто. Се надевам дека успешната приказна за заштитено Осогово ќе биде добар пример и за другите процеси кои во моментов ги водиме – меѓу кои и прогласувањето на Шар Планина за национален парк, што ќе отвори исти вакви можности и за тамошното население – нагласи министерот Нуредини и додаде дека е исклучително горд што Владата прогласи ново заштитено подрачје.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев истакна дека за да биде Пониква привлечна за различни граѓански групи, во тек е изградбата на планинарски дом и 35 км велосипедски патеки, а со прогласувањето на заштитен предел, се создава една нова димензија и вредност на социоекономскиот развој на Осогово, се отвора пристапот кон европските фондови и се создава можност за брендирани производи и нивен пласман.

На средбата со премиерот Заев и со министрите во Инфоцентарот „Пониква“  градоначалникот Илијев нагласи дека за да се забрза економскиот развој на регионот потребно е ставање во функција на геотермалниот потенцијал во Кочанско, со што ќе се направи убав спој меѓу планинскиот и бањскиот туризам. На листата на проекти што чекаат реализација, а се врска со туристичкиот развој се решавањето на водоснабдувањето и на отпадните води на Пониква.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе