ЗАЕВ: Состојбата со корона вирусот ќе одлучи кога Штип ќе избира нов градоначалник

Македонска Каменица, 28.08.2020

Мандаторот за состав на новата влада и претседател на СДСМ Зоран Заев, при денешниот престој во Македонска Каменица и во рудникот Саса, одговори и на новинарски прашања за тоа кога Штип ќе избира нов градоначалник.

-Многу нешта ќе зависат од развојот на здравствената ситуација поврзана со Ковид 19. Затоа одлуката за тоа кога Штип ќе избира нов градоначалник ќе ја носиме во координација со Министерството за здравство, рече Заев.

Тој го исрази своетто посебно задоволство од тоа како истокот на државата е застапен во новата влада.

-Истокот на Македонија е доста застапен во новата Влада јас сум среќен затоа што се изнедрија кадри кои што можат да бидат чесни и одговорни репрезенти на целиот наш народ. Покрај градоначалникот на Штип Берово има министер, Крива Паланка има министер, јас сум од Југоистокот на Македонија, живеам во Струмица, потенцира Заев.

Тој посочи дека ова го кажува заради тоа што кога се прави селекција и на првите функции во државата, се води грижа и за територијалната застапеност, застапеноста на жените и мажите во Владата.

-Конкретно за Штип, верувам дека Владата заедно со Советот ќе изнајде решение заедно со Министерството за здравство и да одговориме на прашањето дали поради епидемијата нови градоначалнички избори ќе има сега, или после 5-6 месеци, за што  верувам дека заедно ќе ја утврдиме одлуката, рече Заев.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе