Захариев и Бојаџиев со закани кон вработените

Штип, 20.10.2017

Илчо Захариев, кандидат за градоначалник на Штип од ВМРО ДПМНЕ и Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“ вчера и завчера отворено им се заканиле на вработените во општината и во јавното претпријатие. Според информации од вработени, Захариев ги собрал на купче службениците кои биле вработени во општинската администрација во негово време но и во четирите години предтоа. Тоа е период кога се преполнија канцелариите, а администрацијата работеше по принципот „оди шетај малку за јас малку да седнам и да одморам од шетање“.

ilco-zahariev11Притоа Илчо им кажал дека тие секогаш мора да имаат на ум дека се вработени од партијата, дека ако не било ВМРО ДПМНЕ, тие толку неспособни за работа никогаш немало да бидат вработени во удобни фотељи. За да ја ублажи реториката Захариев им ветил дека ако тој остане градоначалник ќе им ги зголемел платите за најмалку 50 проценти и ќе им дал сиктер решенија на сите кои ја симпатизираат СДСМ, односно кои не се за него.

angelВо ЈП „Исар“ пак обратна ситуација. Директорот Бојаџиев ги собрал сите кои се членови или симпатизери на СДСМ, и им упатил закани дека штом Илчо ќе станел градоначалник сите тие ќе летале од работа!

„Човекот беше смртно сериозен кога ни ги упати заканите. Веројатно сметаше дека разговара со медиокритети, дека ние ќе му се уплашиме и дека својот глас ќе го дадеме за Илчо и неговата злосторничка банда. Му кажавме повеќе да не не вика на вакви драмолетки, зашто ние сме возрасни луѓе, си имаме свои принципи и своја политичка определба па никакви закани нема да му пројдат. Го потсетивме дека ако до 29 овој месец, кога е вториот круг од изборите, пак ни се закани ќе го пријавиме во полиција и кај другите надлежни органи“, ни рекоа вработени во „Исар“ кои ја посетија нашата редакција.

Да потсетиме дека и Игно Иванов, директор на ЈП „Стипион“ и Нада Наџинска, архитект и раководител во општината, десна рака на Захариев беа фатени и фотограффирани како во време на изборен молк нудат поткуп на штипски гласачи. Да потсетиме и на фактот дека Илчо Захариев со придружничка исто така беше сликан како во во населбата Баби дели лекови во замена за глас, за кои некои од „добитниците“ ни рекоа дека биле со изминат рок на траење.

А и Захариев знае дека му е изминат рокот на траење, па на вака мизерен начин се обидува нешто да поправи во последен момент..

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе