Захариев побара 1.000 денари од Советодавна граѓанска група!

Штипскиот градоначалник Илчо Захариев побарал 1.000 денари од Советодавна граѓанска група (СГГ) за таа да може да користи сала во зградата на општината!

Ние сме граѓанска, непартиска советодавна група во која има 20 лица, а по разни поводи на дебати од значење за Штип и неговите жители повикуваме експерти од разни области сврзани со јавниот ред и мир и безбедноста на градот и на граѓаните. Нашата работа е бесплатна и непрофитна, сме се ставиле себеси во служба на локалната ззаедница и сметаме дека не залужуваме ваков третман од првиот човек на градот на која редот, мирот и безбеноста на штипјани треба да му е на врвот од агендата“, ни рекоа членови на групата.

Тие сметаат дека салите на Општината се јавено добро и тие треба да се користат бесплатно од групи и здруженија кои се непрофитни и кои работат за доброто на општината и сите луѓе во неа. Оттука, чинот на Захариев да им наплати 1.000 денари за час-два дебата, го сметаат за непримерен и неодговорен.

Во СГГ членуваат личности од различни профили. Има советници, од полицијата, од невладини организации, здруженија на граѓани…Тоа е една убава композиција од релевантни групи значајни во нашата локална заедница.

Неофицијално дознаваме дека Захариев бил лут на полицијата која своевремено му испорачала фактура за ангажман на полицајци за потреби на општината, па на ваков начин решил да им врати.

Дали во овој чин на градоначалникот има барем промил промислена и за градот корисна политика не е тешко да се заклучи.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе