Зa штипското корзо

Штип, 19.02.2018 

Текст и фото: Зоран Сичев
Текст и фото: Зоран Сичев

Корзото е во спомените од младоста на многу генерации како место на среќавање и разменување на многу важни и неважни информации ,место каде ќе видиш и ќе бидеш виден всушност повеќе од место.

На Корзото се случуваа првите симпатии, паѓаа првите бакнежи, се раѓаа првите љубови. Секој си го знаеше местото, секое друштво се знаеше на кое ѕидче седи, и така полесно ќе го најдеше тој што го бараше. На ѕидчињата се седеше за да се  одморат нозете од напорното шетање, се грицкаа семки и сончоглед купени од кај Тафето ,а некои одеа во нај блиската слаткарница кај Јајата и се заблажуваа со еклери ,тулумби ,шампи и боза.

Штипските млади на ''Парадата'
Штипските млади на ”Парадата’

Се шеташе во раните вечерни саати почнувајки од седум часот па некаде до деветипол . Корзото си имаше своја ‘’маршута’’,а се шеташе во круг од гимназијата до каменит мост . Фудбалот беше темата за која најчесто се зборваше, расправите/расправиите најчесто беа околу големата четворка Звезда, Партизан  Хајдук и Динамо и секако за нашиот градски клуб Брегалница .

Колку не има што знаат што е тоа „Џафте-корзо“? Сте биле ли на Џафте-корзо? За оние што не знаат тоа е „корзо во подготовка“,односно корзо за почетници.

Корзото беше институција,феномен.. За Штипското корзо уште како деца скришум слушавме од нашите мајки и татковци, ни раскажуваа како било кога тие се шетале по корзото и за „скандалите “ на корзото, како некоја девојка го изневерила дечкото,па додека тој бил во војска се омажила за неговиот другар …

Штипско друштво
Штипско друштво

Не шетаа на корзо и нас фатени „за раче“ од најмала возраст.Се разминувавме низ корзото со убаво дотерани и намирисани девојки ,вљубени парови кои шетаа прегрнати и момчиња кои отстрана „ја следеа ситуацијата“. Малку подоцна кога бевме потпораснати дечурлии, ги гледавме девојките од маалото како дотерани излегуваат на корзо и коментиравме која од која е поубава и поубаво намирисана, која има поубава фризура, па откога ќе ги испратевме на корзо продолжувавме со детските лудории по сокаците.

А колку не има што знаат што е тоа „Џафте-корзо“? Сте биле ли на Џафте-корзо? За оние што не знаат тоа е „корзо во подготовка“,односно корзо за почетници. Девојчињата кои сеуште не беа доволно пораснати 15-16 годишни се шетаа некаде низ маалото или во близина на корзото, но малку порано, никако во времето за корзо кога мораа да бидат дома или во близина за да слушнат кога мајка им ќе ги викне да се приберат дома. Е ,ама тогаш се раѓаа првите симпатии и првите љубови .И сите на таа возраст мислевме дека тоа се скриени тајни, а секогаш и секаде имаше по некоја комшивка која знаеше се:и кој на кого му е симпатија и која девојка кој дечко ја испраќа од корзо до дома. Немаше Фејсбук, ама до утредента сепак сите дознаваа се.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе