Изгубеното девојче се врати во Шашаварлија

Штип, 26.01.2017

Малолетното 13 годишно девојче за кое нејзиниот татко, 41 годишниот М.М. пред два дена пријавил дека е исчезнато, се вратило дома. За среќниот расплет на приказната која 48 часа ги потресуваше жителите на плачковичките и потплачковичките села во делот на планината кој припаѓа на општина Карбинци, денес во штипската полиција известил лично нејзиниот татко.

Малолетничката исчезнала од селото во вторникот, а откако до вечерта не се јавило дома неговиот татко го пријавил настанот во полицијата во Штип.

Шашаварлија е село населено со лица од јуручката заедница. Сместено е во пазувите на планината Плачковица, Таткото го пријавил враќањето на ќерка си денес нешто пред 12 часот. Каде два дена била малолетничката, од полицијата не известуваат, но дознаваме дека на неа не се забалежани немало никакви траги на насилство.

 

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе