ИПР објави тендер за пешачки мост на Брегалница во Делчево

Делчево, 19.09.2018

На страницата за електронски систем на јавни набавки на Бирото  за јавни набавки, Центарот за развој на Источно-планскиот регион го објави тентерот за изградба на пешачкиот мост во Делчево.  Проценетата вредност на набавката за изградба на мостот без ДДВ изнесува 6.369.044,00 денари. Во рамките на тендерот е предвидено изградбата на мостот да започне на 15. ноември оваа година, а да заврши на 30.06.2019 година.

Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите  на 08.10.2018 во 11:00  воЦентарот за развој на Источен плански регион.

Првиот пешачки мост на реката Брегалница ќе биде изграден од челична конструкција, а предвидено е покрај основната намена, мостот да биде ставен во функција на туристичка понуда. Изградбата на мостот има и дополнителна вредност, бидејќи Општина Делчево има дополнителни инвестиции за изградба на пристапни рампи и пристапна улица со која ќе се поврзат локалните институции.

Изградбата на првиот пешачки мост е во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда со изградба на пешачки мост на река Брегалница во Делчево“ и е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа на Р.Македонија, Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година.

Вкупниот буџет на проектот е 7. 515. 471,9 денари од кои 65,5% ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година, а Општина Делчево како партнер ќе обезбеди 34,5% од буџетот на Општина Делчево за 2018 година.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе