И Делчево ги чисти дивите депонии

Делчево, 08.02.2018

По Штип, Кочани и Виница и Делчево како општина во источниот плански регион започна да ги чисти своите диви депонии.

DELCEVO DEPONII DIVI„Започнавме со интензивно чистење на дивите депонии во градот. Досега е завршено чистењето на депонијата на реката Брегалница во индустрискиот дел од Делчево, депонијата за градежен шут Ралева Чука, ендекот Грозданец, како и дивата депонија формирана во централното градско подрачје во делот каде се спојуваат ул. „Маршал Тито“ и ул.„Солунска“, информира Розета Цонева, директорка на ЈПКД „Брегалница“.

Акцијата е во соработка со Општина Делчево и надлежниот инспекторат.

Диви депонии има и на преубавите туристички локалитети како манастирскиот комлекс „Света Богородица Балаклија“ и покрај патот за планината Голак“, така туризма не се развива…

„Со оваа акција ќе продолжиме и наредниот период, а се во согласност со Годишната програма за работа на претпријатието. Досега се исчистени 4 диви депонии, депонијата кај мостот на реката  Брегалница во индустрскиот дел од градот и депонијата за градежен шут Ралева Чука, депонијата кај ендекот Грозданец, како и депонијата формирана во централното градско подрачје.Остануваат уште депониите кај Попов мост, кај манастирот„Св. Богородица-Балаклија“, кај Очипалска Река и кај Црквенска Река. Бидејќи на овие локации има најразличен комунален отпад и шут, мора да се користи и соодветна механизација, а отпадот потоа се транспортира и се депонира на главната депонија“, речеЦонева.

Комуналното претпријатие ги повикува граѓаните да поведат повеќе сметка за комуналната хигиена во градот.

„Јас ги повикувам граѓаните да ја почитуваат животната средина, да не депонираат најразличен отпад на овие црни точки за животната средина кај нас, бидејќи редовно се случува ние денес да ги исчистиме локациите, а веќе идниот ден повторно да најдеме депониран отпад. Дивите депонии се потенцијална опасност од зараза, но и го нарушува изгледот на градот, посебно локалците кои сами си ги одбрале за депонии, како што се туристичките локалитети, на пример патот за Голак и манастирскиот комплекс „Св. БогородицаБалаклија“, апелира Цонева.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе