Каменот си теже на местото

Штип, 05.03.2018

Текст и фото: Зоран Сичев
Текст и фото: Зоран Сичев

Би започнал вака , драги пријатели:

Мислам оти кај секој од вас ќе преовладеат емоциите ,односно никој нема да остане рамнодушен кога ќе ја слушне онаа ‘’Каменот си теже на местото ‘’, а да не се сете на штипските маала во кои се играше миждупка ,гоненица ,народна, челик-чамак, клинплочка, комити и џандари, кикара, коњаци и уште кои ли не игри

воденицата на Брегалница кај Ново Село
воденицата на Брегалница кај Ново Село

Не може ,а да не се сети на играњето топка по прашливите маала и старата калдрма .Не може а да не се сети и на старите жени кои седеа пред портите и секој шо ќе поминеше покрај нив да не биде искометирано кој е ,чив е ,шо е и каков е ..

Прање н черги во Отиња
Прање н черги во Отиња

Не може а да не се сети на Отиња кога во топлите денови едвај имаш вода ,а се одеше по реката и се ловеа попови лажички …

Штипските моми на Исаро во 1928 год
Штипските моми на Исаро во 1928 год

Не може а да не се сете и на Брегалница, а одењето на Брегалница беше доживување , би ги спомнал неколкуте интересни и познати места за бањање Чикичан скала ,зад Исаро кај старата кланица , кај старио мост кај Европа , кај воденицата и уште на ногу места …….

Ванѓел Христовски со другарите на Исаро
Ванѓел Христовски со другарите на Исаро

Не може а да не се сете на денот на Пролетта 22 Март кога и старо и младо се искачува на Исаро ..Искачувањето на Исаро и до ден денешен причинува посебно задоволство и радост за сите штипјани. Секој шо ќе се искачува на Исаро обичајот е одејки по патеката која води до самиот врв да се поздрави со четириесет минувачи, и со самото доаѓање на врвот од Исаро се собираа четириесет камчиња кои се фрлат едно по едно , а последното се носе дома и се става под перницата за да се соне кој на кого ќе му биде дечко или девојка или кој со кого ќе се мажи или жени ,барем така вели обичајот.

И за крај би напишал каде и да сте сетете се на Штип на Отиња и Брегалница и секако на Исаро.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе