КОНЕЧНО: ЈП регионална депонија со седиште во Свети Николе

Штип, 29.01.2019

На денешниот состанок во Штип градоначалниците од источниот и североисточниот регион донесоа за формирање на Јавно претпријатие –  меѓурегионалната депонија, чие седиште ќе биде во Свети Николе. Во оваа општина, во атарот на село Мечкуевци, ќе се изгради и уреди регионална депонија со најсовремен систем за управување со отпад.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашко Велковски истакна дека многу е и логично ова претпријатие да биде лоцирано во неговата општина, каде што ќе се гради и депонијата.

slika 1 gradonacalnici istok severoistokОсумнаесетте градоначалници, од Берово преку Печќево, Делчево, Кочани, Штип до Пробиштип и Куманово, општини од двата Источниот и Североисточниот регион  донесоа одлука тим од правници, во рок од десет дена да го направат статутот на новото меѓурегионално јавно претпријатие за современиот систем за управување со отпад.

Овој систем ќе биде прв во државата, кој што ќе опфати собирање и депонирање на сметот според европските стандарди. Претстои период на тендерски постапки за набавка на камиони, контејнери, опрема, изградба на претоварни станици и изградба на депонијата, којашто ќе биде од затворен систем. Проектов ќе чини над 35 милиони евра, а се обезбедуваат како грант од ЕУ.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе