КОНЧЕ: Од брегот на езерото Мантово собрани 200 вреќи отпад, нуркачи го чистеа езерското дно

Конче, 09.05.2022

Нуркачка екипа од клубот за подводни дејности Охрид, ангажирана од страна на рудникот за бакар Боров Дол, викендов го чистеше вештачкото езеро Мантово.

Во рамките на еко акцијата „Генералка викенд 2022“ која што викендов се спроведуваше во 26 општини во државата,  за прв пат се изврши чистење на езерските води во Мантово. Акцијата локално беше поддржана од рудникот за бакар Боров Дол, во соработка со Општина Конче која што  се приклучи кон акција организирана од “Мен енд маунтен” во партнерство со Пивара Скопје и Пакомак.

280161677_1646624079035935_8066409900246127474_nВо еко-акцијата, на волонтерска основа учествуваа вработените во рудникот Боров Дол и Општина Конче, при што теренски од крајбрежјето беа собрани над 200 вреќи отпад, а нуркачите извадија најразличен цврст отпад од езерските води. Досега не се биле реализирани вакви акции за подводно чистење на езерото Мантово. Со еколошката акција за подводно чистење на езерото Мантово за прв пат се овозможи согледување на состојбата на водите во езерото, лоцирање на подводниот отпад како и негово понатамошно отстранување. Чистењето на дното на азерото го реализираа нуркачи од нуркачката екипа од клубот за подводни дејности Охрид, кои што беа ангажирани од страна на рудникот Боров Дол.

279951124_787257079328159_263437050709961822_nОва е прва волонтерска еко-акција на Боров Дол во соработка со општина Конче. Од рудникот посочуваат дека и во иднина ќе реализираат еколошки аакции, односно ќе спроведуват континуирани активности за собирање на отпадот во околината, со цел подигање на еколошката свест на локалното население за одговорноста кон природата.

279892040_378799147514078_1518332624464275114_n”Како локален партнер на општина Конче се приклучивме кон акцијата за заеднички да придонесеме кон почиста околина и подигнување на еколошка свест на населението со што ќе создадеме одржлива иднина за нас и за следните генерации. Aкцијата ја поддржавме со волонтерско учество на вработените во Боров Дол и овозможување на нуркачка екипа за чистење на отпадот во езерото“, изјавија од Боров Дол.

Во акцијата се вклучија над 50 волонтери од рудникот Боров Дол, 30 волонтери од Општина Конче и екипа од локалното комунално претпријатие. Чистењето се одвиваше на 8 мај, при што рударите од Боров Дол и општинската администрација го собираа отпадот од крајбрежјето на езерото Мантово, а нуркачката екипа го чистеше отпадот од дното на езерото Мантово.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе