Кочани во среда ќе се справува со комарците

Кочани, 29.05.2023

Комарците се заштитен знак на Кочани, дури и еден портал го носи името „Комарец“, па луѓето во оваа општина преку лето немаат раат од овие здодевни инсекти.

Општина Кочани донесе одлука и ги информира жителите дека на 31 овој месец (среда) во раните утрински часови стручна екипа на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведе првата фаза од превентивно теристичкото (земјено) дезисекционо третирање за заштита од комарците, а истито ден ќе се спроведе и ларвицидно третирање.

Од општината известија дека во првата фаза од дезинсекција ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на град Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

Третирањето ќе се изведува со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе