КОЧАНИ: „Осоговска авантура“ – планинска велосипедска тура од Пониква до Царев Врв

Кочани, 11.07.2021

Стотина велосипедисти од различни краеви на Македонија учествуваат на четвртото издание на планинската велосипедска тура „Осоговска авантура“, што ја организира велосипедската група МТБ „Исток“ од Кочани. Велосипедистите ја минуваат патеката од Пониква до Царев Врв, со должина од 40 км и со висинска разлика од 1 000 метри.

– Годинава должината е малку скратена поради условите создадени со пандемијата. Настанот „Осоговска авантура“ придонесува за поголема промоција на планинскиот велосипедизам на Осоговските Планини. Учесниците во оваа велосипедска тура можат да ги видат убавините на Осоговијата и да го видат вториот врв по височина на Осогово – соопшти Панче Зафиров од МТБ „Исток“.

214487025_1487391014927222_9200303077668652178_nОрганизаторите додаваат дека оваа тура е наменета за растечката заедница рекреативци кои спортуваат со планински велосипеди, со цел да им се доближат потенцијалите за планински спортови во овој крај.

– Пониква и целата Осоговија добиваат нови димензии, па покрај убавите услови за зимските спортови, даваат можности за планински велосипедизам. Со изградбата на велосипедските патеки од Кочани до Пониква и на планинарскиот дом, создаваме нови можности  планината да биде атрактивна 365 дена во годината. Да уживаме во убавините на природата и да ги чуваме – истакна на отворањето на настанот Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Велосипедската тура „Осоговска авантура“ се реализира со финансиска поддршка од Општина Кочани.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе