КОЏИ МИКИ: Весниците ќе умрат кога ќе умре последниот читатател

Штип, 26.09.2018

Коџи Мики е новинар на јапонскиот дневен весник Маиничи. Моментално е на работа во Виена, Австрија, како шеф на дописништвото за Европа. Мики денес беше во посета на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ каде во присуство на Насер Селмани, и потписникот на овие редови, водеше разговор со директорот д-р Јордан Ѓорчев на актуелни теми за престојниот референдум.

Ние го искористивме овој момент за со Коџи Мики да поразговараме на тема весниците и нивната натамошна судбина во медиумското семејство во држава со 127 милионски народ..

jap02Г-дин Мики, како стојат работите во вашата матична редакција? Во колкав тираж излегува весникот, колкумина го прават, имате ли и интернет издание…

-Нашиот весник излегува во дневен тираж од три милиони примероци и е трет по тираж во Јапонија. Најтиражен е весникот Јомијури со девет милиони примероци, по него е Асахи шимбун со 6-7 милиони примероци. Тоа значи дека трите најтиражни весници имаат вкупен тираж од близу 20 милиони примероци дневно. Мојата матична куќа вработува 3.000 лица, од кои 1.000 работат во весникот. Во Јапонија имаме 47 региони и нашата куќа во сите нив има свои регионални весници, а во сите нив редовно се објавуваат и додатоци кои се интересни за читателската публика.

Дали е тоа, за јапонски прилики, добар тираж? Дали тиражот на весниците и во вашата земја е во опаѓање?

-Не, не се тоа добри тиражи ако го имаме во предвид фактот дека Јапонија памети и само еден весник со тираж кој денес го имаат трите најтиражни наши весници. Сакам да кажам дека и кај нас тиражите на весниците се во опаѓање. Поради тоа нашиот фоксу е на онлајн изданијата од кои заработуваме многу повеќе. Сите весници прават и свои веб сајтови, зашто тоа го бара младата публика, темите во нив будат интерес кај младите.

Според вашето искуство, дали им се гледа крајот на весниците такви какви што денес сеуште ги знаеме, и дали тие би можеле да изумрат?

-Ние во Јапонија велиме дека последниот весник ќе умре кога ќе умре и последниот читател на весникот. Цениме дека за весниците ќе има простор и во наредните 20 години. Сеуште имаме маса на луѓе кои не можат да си го замислат денот без омилениот весник в раце, и ние тоа им го овозможуваме. Ако весникот прави загуби, а прави, ние тоа го надополнуваме од онлајн изданијата.

 jap01Има ли разлика во она што е во фокусот на интересот како тема на старите, традиционални медиуми како што е весникот, од однос на новите како што се интернет изданијата?

-Секако дека има.Новите медиуми кај нас се фокусираат на големите, значајни теми, но на ова поле имаме ограничени настани па ако нешто се случи како голема тема во државата сите вакви медиуми се бават со една иста тема. Веснците пак имаат посериозен, поаналитички пристап, а и едните и другите си имаат свои следбеници.

Колку, таканаречените „мизерни вести“ прават тираж, односно дали ваквите вести се многу повеќе читани на интернет изданијата од оние „нормални“ настани од кои медиумите прават информации?

Да, го има тоа и кај нас. Го има тој натпревар за кој прв ќе јави некоја тнр. „мизерна вест“ зашто тоа се чита. Сепак, тоа многу повеќе го има кај новите интернетски медиуми отколку во весниците кои сеуште се држат до правилото точноста да им е пред брзината. Весниците се тие кои се обидуваат да имаат што повеќе информации и што поголем број истражувачки стории за кои во Јапонија сеуште постои итерес.

Иван Бојаџиски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе