Македонски автобус се преврте кај Лесковац, три лица загинаа

Лесковац, 16.12.2018

Три лица загинаа а 32 се повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 1,40 часот на влезот од Лесковац кога се преврналавотбус од македонија кој од Скопје возел за Белград. Според пишувањето на белградски Блиц, на лице место е затекната стравотна глетка од превртениот автобус во снежната бура. На брзата помош и бил упатен повик да испрати две екипи но на местото на трагедијата билсе испратени три медицински екипи да помогнат во згрижувањето на повредените.

B03Во болницата во Лесковац биле пренесени 28 лица додека четири биле згрижени во болницата во Ниш.

По слетувањето од патот автобусот се преврнал. Нишките доктори затекнале страотна глетка на местото на несреќата.

-Автобусот беше обрнат на страна, а три патника беа затекнати без знаци на живот. Екипите на итната медицинска помош од Лесковац кои први пристигнале на местото на трагедијата им укажуваа помош на повредените и вршеа тријажа. Имаше патници кои беа заробени во автобусот. Нив ги ослободиле припадници на МУП. Најтешко повредените ги транспортиравме во КЦ Ниш, рекол еден од докторите кој помагал на настраданите..

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе