Мартина Дукоска со најдобар средношколски есеј на МСУ

Свети Николе, 24.05.2018

Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола, денес, на денот на Кирил и Методи, сесловенските просветители, ги додели наградите за најдобри средношколски есеи.  Свечениот чин се одржа на Универзитетот во Свети Николе.

AR03AR01На распишаниот конкурс за есеи од македонските средношколци пристигнаа 234 дела од 209 талентирани автори. Жирито комисијата во состав  проф. д-р Христо Петрески, претседател, Кирил Трајчев, заменик претседател, лекторката м-р Јасмина Пресилска и писателот м-р Трајче Кацаров, членови за најдобри ги избраа есеите на:

Mартина Дукоска од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов”, Скопје, која ја доби првата награда за есејот на тема „Иднината на човештвото: кој ќе победи во оваа трка?“. Таа доби  златна плакета, лаптоп, комплет книги и стипендија во висина од 300 евра.

Вториот најдобар есеј беше дело на Фросина Паскоска од СОУ „Орде Чопела“, Прилеп чиј есеј беше на тема „Едно дождливо лето“. На Фросина и беа врачени сребрена плакета, таблет, комплет книги и стипендија во висина од 200 евра.

Третото место го освои Стефани Дојчиноска од ОСУ „Мирко Милески“, Кичево со есејот на тема „Стариот воз“. Таа од организаторот на оваа прекрасна идеја доби плакета, комплет книги и стипендија во висина од 100 евра.

Наградите на добитниците им ги врачи Кирил Трајчев, заменик претседател на комисијата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе