Матурантите – медицинари го направија сефтето

Штип, 18.05.2018

Матурантите од Средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип го направија сефтето. Тие поминаа низ штипските улици, со тапани, песна и радосни извици, за потоа на плоштадот „Слобода“ да објават дека се „ослободиле“ од училишните обврски.

„Тоа ослободување е само привремено зашто не чека најтешкиот факултет кој трае шест години. Ќе студирам медицина на Универзитетот „Гоце Делчев“ зашто е најблиску до мојот град Кочани, ќе дадам се од себе за да успеам, а потоа да се посветам на здравјето на нашите граѓани“, ни рече Викторија.

w2Нејзината другарка Елена вели дека ова е важен ден за сите нив, дека завршиле едно важно поглавје од животот. И таа е децидна дека ќе го продолжи школувањето на Факутлетот по медицински науки на УГД.

„Од Штип сум, факултетот ми е тука, информирана сум дека има добар професорски кадар, подготвена сум за новиот предизвик. На мене е да се посветам на медицинските науки, зашто од доктори секогаш и секоја држава има потреба. Не сум сигурна дали ќе останам во Македонија по завршување на факултетот, засега не сакам да мислам на тој дел од мојата иднина зашто сега прироритет ми е со другарите и другарките убаво да си ја прославиме матурата“, ни рече Елена.

Благој кој е од Свети Николе исто така е со став дека ќе оди на факултет. –„Ова е само половина етапа во моето образование. Ќе студирам медицина најверојатно на УГД зашто Свети Николе и Штип се речиси еден град, а потоа ќе видам што ќе правам. Сакам да останам тука, но се ќе зависи од тоа какви ќе бидат условите“, ни рече Благој.

Музиката на плоштадот ечеше некое време по што матураните ја продолжија прошетката по другите улици во центарот на Штип сакајќи да им ја доловат на граѓаните својата среќа од тоа што успешно го завршиле средното образование.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе