Нашиот преубав Штип

Штип, 27.03.2017

  • Гледајте и уживајте во Штип снимен од дрон

Ристе Танчев, познат штипски падобранец, на почетокот од оваа пролет, oд дрон направи преубава снимка на нашиот убав Штип.

Водејќи го вешто дронот, Танчев ни го презентира градот во едно ново светло и низ една сосема поинаква визура. Од воздух Штип изгледа дури и поубаво отколку што ние го доживуваме шетајќи секој ден по неговите широки или тесни улички, покрај реките Отиња и Брегалница.

Од воздух може да се видат Домот на култура, хотелот Оаза, зградата на Општината, судската палата, гимназијата „Славчо Стојменски“, Музејот, Библиотеката, Трговскиот центар со новата градба, трговската улица „Ванчо Прќе“, бројните станбени згради….Во најголем дел објекти градени во „она време кога господ Бог одеше по оваа земја“, со солидарните пари на штипската тогашна работничка класа од „Македонка“, „Астибо“, „Макпромет“, „Селена“, „Метална“, „Прогрес инженеринг“, на службениците, земјоделците од ЗИК „Црвена Ѕвезда“, учителите, докторите, професорите, новинарите, полицајците, трговците од „Нова Трговија“ и другите, и сите останати кои живееле или живеат во овој наш убав град.

Погледнете ја снимката на Ристе Танчев и уживајте во Штип од воздух….

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе