Неверојатно добра промоција на нова книга поезија на Самоников

Штип, 20.04.2017

  • Промоторот проф.д-р Венко Андоновски го нарече Благој Самоников следбеник на Ацо Шопов, претставник на штипската поетска школа, еден од најголемите македонски поети, а неговата нова поетска книга ја титулира како врвна, зрела поезија која доаѓа од врвен поет…

 

Денес се навршуваат 35 години од смртта на големиот македонски ревлуционер и поет Ацо Шопов. По тој повод, во спомен собата на Шопов,  во Домот на културата кој го носи неговото име, пред бројна публика, беше промовирана новата поетска книга на познатиот поет, раскажувач и драматург Благој Самоников.

Промоторот, проф.д-р Венко Андоновски, го нафрече Самоников „голем македонски поет, следбеник на Ацо Шопов“.

Проф.д-р Венко Андоновски со инспиративна промоција на книгата
Проф.д-р Венко Андоновски со инспиративна промоција на книгата

„Во најновото поетско дело, во книгата „Непроѕирна светлина“ поетот се води по патеката на непознатото, а тоа е патеката на создавањето. Чест ми е што по повод 35 годишнината од смртта на големиот Ацо Шопов имам можност да промовирам поет кој го сведува светот на неговата светлина. А тоа воопшто не е лесна работа, тоа е макотрпна работа зашто поезијата пред се и над се е обожување на светот“, рече Андоновски.

Андоновски нагласи дека светот мора да се упрости преку поезијата. –„Ние мислиме дека знаеме што е светот, но сите ние во себе го носиме стравот дека токму тоа е она кое не го знаеме“, посочи промоторот Андоновски.

Самоников со новата книга поезија
Самоников со новата книга поезија

Ова е 17 книга на Самоников, а 12 негово поетско печатено дело. За истокпрес вели дека ноќта е единственото време кога градот (Штип.н.з.) потонува во тишината а тој останува сам со себе и со авторите од неговите бројни книги сместени на рафтовите од полиците во неговата работна соба.

„Наредниот ден, рано наутро, онака „на трезно“, кога ќе замине творечкиот занес се префрлам на лектура и корекции на напишаното“, ни изјави Самоников, на коого во 2010 година ДПМ му ја додели наградата „Ацо Шопов“ за најдобра книга поезија за односната година.

Познатиот актер Страшко Милошевски извонредно  читаше песни од најновото поетско дело на Благој Самоников, а преубава, инспиративна увертира во целокупноста на прекрасниот културен настан даде драматургот Трајче Кацаров.

(и.б.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе