Не знаев дека Џилијан Миловановиќ “да ти била” од Струга!?

Тито Пековски, во неколку наврати, беше ти изјавил дека “поранешната амбасадорка на САД Џилијан Миловановиќ, му вршела притосок по изборите во 2006 година да коалицира ТОКМУ со ДПМНЕ!”. Не знаев дека Џилијан Миловановиќ, “да ти била” е од Струга, а сега сум збунет, незнам зошто во “Нова Македонија”, беше сум напишал: “Перон и Евита – во македонска (пра)изведба”!? Дека толку го “натиснала”, те овој, без одлука на ниту еден орган, влетал (соси мене – неопулен!), во таа врашка коалиција “да сади тикви со ѓаволот!”. Ме стави во голема дилема: Види мајката, далу сум јас истиот Веле, кој во кабинетот “зад седум брави и шифри!” (сосе посебното одајче и отоманче!), или, не сум тој истиот, кој, од потрчкото до него-со функција Генерален секретар (забравив му името, ама се сеќавам дека првин стана пратеник, а отпосле – бруцош!?), добив ваков одговор: “Не инсистирај на тоа, шефот ќе го реши САМО се една прес конференција!” Демек, маршалски: “Прозор ноќас мора пасти!”.
Место да ја мајтосува јавноста и да бега од гревот што го направивме, нека каже дали вистинската Џилијан го притискаше, или го “натискаше” онаа другата Џилијан, “стејт секретарката”(Анастасовски) со фалсификувана диплома!?Дали поради Џилијан од градот на реката Потомак, или поради онаа другата: Како од Струга нема друга! (а, и да ја има – чуму ти е!?), на реката Црн Дрим, “дежураше” во Владата кога се (не)донесуваше одлуката за продажба на ТЕЦ “Неготино” и кој нa министерката Вера Рафајлоска и рече: “За 6 милиони (не во денари- трансверирани – ВИА СОФИЈА!), вреди малку и да се полежи во затвор!И кој му плесна во лице: “Ти да лежиш!”.
ПС: Со поздравот до драгите пријатели, професор Gjorgji Spasov и професор Nikola Popovski, испраќам понуда: За само еден лајк на ова, им враќам по сто на обајцата, на нивните први наредни постови!А, до професорот Иван Анастасовски “са обзиром” да је “из куда тумбе три бантере”, прашање: “Ком да верују, Иване, к..у, или, кубуру”!?

Веле Митаноски

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе