Не се сакалдисвајте Мирка ќе преживее, притисокот и е добар, а и во вените и тече СДСМ-овска крв!?

Пишува: Веле Митаноски
Пишува: Веле Митаноски

Вистинска е штета што јас и Мирка не се родивме пред војната, туку “след војната”!? Ќе беме најголеми “шумкари”, партизани де! Јас од “славна и борбена” Дебрца, таа дел од мебелот на Бранка, наш, во слатински Кумровец!Ќе си дојде таа пак кај нас, не се секирајте! Крвта не е вода!Ова за постарите, пардон-повозрасните и за тие што паметат!Е, уште пред децении, кога Мирка од”Дневник”, беше Славимирка Слатинска, отишла кај драгиот пријател Дарко Марковиќ (Бог да му душа прости) да и го мери притисокот. Во рубриката “Пецко”, на задната страница (во паметни земји весниците се читаат – од последната страница која пишува за триумфи, а само кај нас – од првата, која пшишува за политички промашувања!), Дарко беше ја насликал вака: И мерат на Мирка крвен притисок, а докторот и вели: Притисокот ти е во ред, ама низ вените ти тече само СДСМ-овска крв!? Црвена, де,партизанска!Исто како со пивото “Крале Марко”. Испратиле “узорак”, во референтна лабораторија во сегашното странство (април у Београду!), а од таму добиле ваков резултат: “Коњ је у реду, али му мокрача не ваља”!?
Да, да за Мирка ни беше зборот! Шефот беше ја испратил Мирка, ден порано, да подготви разговор на една струшка телевизија.Одамна беше и веќе не постои. Доага Мирка во Супер радио, вели :Утре доага Шефот, треба да водиш разговор со него, на една струшка телевизија (за постарите, онаа со заштитен знак со двата лебеди!).Како јас од Охрид, ќе се “пресегам” во Струга и што имам јас со таа телевизија!?Ајде, Мирка упорна како оној на сликата од пивото прилепско, вели, ќе најдеме некој мунасип, демек, по сегашно “Разумен компромис”!?Вели, имам јас еден пријател бизнисмен од Куманово, тој ќе плати еден час разговор за Супер радио (аха, и денеска плаќа!?), нека оди разговорот и кај тебе и на телевизијата. “Разумен компромир, си е разумен компромис” (!?), најдовме мунасип, и велам ајде испи кафе и кажи му на шефот дека работата е “наредена!”. Не вика, не си одам, ќе преспијам во Охрид, имаме уште прашања за решавање! Е,кои прашања? Вели: Прашањата што треба да ти ги подготвам, а ти да ги поставуваш!!!Мирке,велам, ти да не не си каде што си, да не си ја погрешила адресата!?Не вели во Супер радио сум!?Ти си во Супер радио, ама си и кај Веле Митаноски! Нејсе, се подизвини, ама сега “ме фаќа” на финта! Врти некој телефон и вика: Еј,Пајо, што правиш Пајо! И тн. Демек, Веле, јас сум на ТИ со Павле Трајанов. Другар ми, де, министерот -полицај тогашен. Види, мајката (што би рекол Грујчо денска!), оваа, плукнато чедо на директорот со Шапка од охридска “Застава”. Бевме во кавги, се влечкавме и по судови, ама, бог да му душа прости, тогашниот претседател на Судот охридски, Никола Крлески, голем мајтапчија – со дух ( не врзуваше и заедничкото пријателствување со Глигоров), запна да не помирува. Јас бев тужителот, одам на суд “фусатлија” без адвокат и таму ме начекаа: Добро, ми вели судијата Таше “отРесен” (дедо му, по мајка, на Бетмен Велит), ти не му се плашиш на “дирекров” со Шапка, штом толку, демек се курчиш!? Како не, му велам, многу “се плашев” кога беше лав, а уште повеќе сега – “кога е зајак!” Ме начека адвокатот негов (татко му на Оскарот!), од тужител, станав тужен, а процесот заврши нерешено – 0:0!
Е, сполај ви на прашањето: Што има ова врска со Мирка? Има, во финтата за Пајо!Ме наместија да влезам во канцеларијата на тужителот со Шапка(!), а тој претходно, направил режија за цело филмче!Само што влегов, тропа секретарката, подава глава и онака тихо: Директоре, морам да ве прекинам, другарот Лазо (Колишевски, де!), е на линија!? Погледнува во мене, а јас му велам: Да излезам директоре, нема смисла да разговарате со другарот Лазо, пред мене. Не,не напротив, седи, вели директорот со Шапка! А целиот муабет беше овој: Добро, другар Лазо, како што вие ќе речете другар Лазо!!!
Нејсе, да и се вратиме на приказната од почетокот. Кај Мирка. Доага следниот ден Шефот, го обавивме разговорот, сега ќе се поздравуваме, му велам: А, бе, Бранко, ти навистина ми ја прати Мирка прашања да ми подготви за разговоров!? Не, вели, Веле.Не само поради тебе, јас во принцип, знам дека не постојат незгодни прашања, попстојат само незгодни одговори!!!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе