НИКОЛОВСКИ ВО ТАРИНЦИ: Ја извадивме земјата на прав пат, но секогаш може и повеќе и подобро

Штип, 03.07.2020

Илија Николовски, кандидат за пратеник од третата изборна единица на листата на СДСМ и коалицијата „Можеме“, актуелен претседател на Партијата на пензионери денес боравеше во општина Карбинци. Главниот настан-средба со поголема група жители се случи во најголемото село Таринци каде, со почитување на сите здравствени протоколи Николовски ја изложи програмата на коалицијата предводена од СДСМ и одговараше на прашања на присутните.

-Она што СДСМ и коалицијата го вети при превземањето на власта во државата речиси во целост го оствари. Направивме капитален пресврт на подобро, ја извадивме земјата на прав пат. Но, секогаш се може повеќе и подобро. Сега е време за нови инцијативи на кои се обврзуваме пред граѓаните и пред себе.Ние знаеме, свесни сме дека само во заедништво со граѓаните  можеме да постигнеме уште повеќе и уште подпбро за нашиот народ, за нашата држава, рече Николовски.

ПЕНЗИИ   Од моментот кога Владата на СДСМ стапи на сцена, а тоа е 1  јуни 2017 година па досега пензиите се зголемени за 1.800 денари што е најголемо зголемување за последните 20 години, рече Николовски.

Како генерал во пензија и активен учесник во процесите за влегување на нашата држава во НАТО, Николовски мошне пластично и разбирливо за сите ги појасни придобивките од влезот во семејството на најмоќната воена и безбедносна алијанса на светот.

-Со влезот во НАТО зацементирани се нашите граници, обезбедена е занавек нашата безбедност. Тој сон кој го сонувавме од моментот од осамостојувањето на државата денес е реалност благодарение на проевропските политики на Владата предводена од Зоран Заев. Влезот во НАТО не е само безбедносно туку е и силно развојно прашање зашто компаниите од развиениот свет инвестираат само во сигурни и безбедни земји, а таква сигурност и безбедност носи членството во НАТО, појасни Николовски.

Како гласноговорник на пензионерското семејство во Собранието на Македонија Николовски како посебен успех го издвои стабилизирањето на ФПИОМ и промената на ЗПИОМ и грижата на Владата на Заев за пензионерите.

-На првиот јануарски ден годинава пензионерите добија поголеми пензии за 722 денари. Усогласувањето на пензиите се врши двапати во годината, а сегашните пензионери на крајот од оваа година ќе имаат поголеми пензии за 900 денари. Од моментот кога Владата на СДСМ стапи на сцена, а тоа е 1  јуни 2017 година па досега пензиите се зголемени за 1.800 денари што е најголемо зголемување за последните 20 години, информира Николовски.

Николовски ги охрабри присутните на 15 овој месец да излезат на гласање, да не ги слушаат оние кои заговараат бојкот и апстиненција, зашто гласањето во услови на корона криза ќе биде безбедно и неопходно за државата.

04 03 02

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе