Новата Maкедонска афористичка ризница наскоро пред читателите

Штип, 30.07.2017

  • Од 19 автори застапени во книгата три се жени

Книгата „Македонска афористичка ризница“ како ново богатство од областа на македонскиот афоризам влегува во печат. Таа ќе биде промовирана во втората половина на идниот месец во Делчево, за време на манифестацијата „Пијанечки ден на сливата“.

Според афористичарот Миле Ѓорѓиоски, кој го приредува ова издание кое ќе има 283 страници,19 македонски автори, меѓу кои три се жени-веќе етаблирани имиња во оваа област, ќе бидат претставени со околу 1.500 афоризми.

Застапени автори се: Атанас Крлевски, Ацо Ѓоргиев, Васил Толевски, Витомир Долински, Ефтим Гашев, Иван Бојаџиски, Иван Карадак, Димитар Вилазорски, Јане Атанасов, Миле Ѓорѓијоски, Марјан Анѓеловски, Иван Русјаков, Ленче Серафимова, Љупка Цветанова, Наташа Ќурчиска, Љупчо Сиљановски, Никола Талески, Блаже Докуле и Ристо Филчески.

„Минатата водина ја објавивме првата книга под наслов „Македонска афористичка ризница“, годинава ја објавуваме втората. Идејата ни е секоја година да објавуваме по една ваква книга во која ќе биде поместено творештвото на македонските афористичари кое порано не биле објавувано во книга. Во план ни е секоја година да објавуваме и по една книга хуморески како и по една книга со карикатури од домашни автори и така да создадеме посебна библиотека од областа на хуморот и сатирата“, посочува Ѓорѓијоски.

Минатата година ккнигата беше промовирана на фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница Веритас“ во Виница, а финансиски беше поддржана од познатата виничка компанија „Макпрогрес“. Годинава сеуште се трага по „инвеститор“, односно издавач, но постои и резервна варијанта ако компанија подготвена да го помогне издавањето не се најде.

„Годинава за оваа работа ќе конкурираме пред Министерството за култура, живееме во надеж дека оваа наша работа и наш напор ќе добие скромна финанска поддршка“, оптимист е Ѓорѓијоски.

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе