Од ковид-19 починаа уште 30 лица, пандемијата зеде вкупно над 3.500 жртви во земјава

Во последните 24 часа се направени 1.682 тестирања, а регистрирани се 457 нови случаи на ковид-19, објави Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје. И тоа, во: Скопје – 198, Прилеп – 32, Куманово – 30, Охрид – 29, Велес – 25, Кавадарци – 24, Штип – 17, Тетово – 16, Гевгелија – 15, Гостивар – 13, Струмица и Кочани по 9, Струга, Неготино, Свети Николе, Македонски Брод, Виница по 5, Пробиштип 3, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Богданци по 2 случаја, а Ресен, Дебар, Берово и Кратово по еден нов случај.

Заедно со растот на бројот на новозаболени лица од ковид-19, загрижувачки се зголемува и бројката на починати лица од ковид-19. Во изминатово деноноќие пријавени се вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 – 84 година, од кои 8 пациенти биле од Скопје, од Прилеп биле 6, од Битола и Охрид имало по 3 починати, од Кочани и Демир Капија по 2 и по едно починато лице било пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите починале во болнички услови. Од почетокот на ковид-19 пандемијата до денеска бројот на починати лица од ковид-19 се искачи на 3.503 лица.

Во изминативе 24 часа регистрирани се 700 оздравени пациенти од: Скопје – 291, Кавадарци – 52, Неготино – 42, Охрид – 38, Велес – 36, Прилеп – 35, Куманово – 26, Крива Паланка – 25, Гостивар – 23, Гевгелија – 18, Битола – 15, Струга – 14, Струмица – 13, Кочани – 11, Богданци – 10, Тетово – 8, Берово – 7, Штип, Радовиш и Демир Капија по 5, Пробиштип и Валандово по 4, Свети Николе и Кратово по 3, Демир Хисар 2 и во Кичево, Ресен, Виница, Крушево и Македонски Брод по еден оздравен пациент.

Дистрибуцијата по градови и натаму покажува дека во Скопје има најмногу заболени лица, 53.370 од кои активни се 7.604. Следува Прилеп со 6.529 болни и 940 активни и Куманово со 6.271 болни од корона вирус од кои активни случаи се 547. Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на ковид-19, а во моментов бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 14.851 лице.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе