Од Oризари до Добра вода ќе се вози по убав пат

Кочани, 26.07.2018

Месноста Добра вода каде главна атракција е манастирот „Пресвета Богородица“ кој е посетуван од многу народ, ќе се поврзат со убав асфалтен пат со селото Оризари. Општина  Кочани ќе ја кофинансира реализацијата на овој проект, а за него Центарот за развој на Источниот плански регион ќе аплицира за финансирање од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

dobra voda (Copy)Ваква одлука беше донесена на шестата седница на Источниот плански регион, која се одржа во Берово.

Со проектот ќе се бара користење на средствата од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој на 2018 г. за мерката „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“ – Инвестиции во локалната патна мрежа за поврзување на населени места – села со локалитети од  значење за начинот на живот и работа на селската популација во должина до два километри“.

Вкупната вредност на проектот за изградба на овој пристапен пат е 26 милиони денари. Според документацијата за апликација, Општина Кочани се обврзува да го плати износот на данокот на додадена вредност и да учествува во финансирање на активностите за изведбените работи од овој проект.

Изградбата на патот до локалитетот Добра Вода е едно од приоритетните барања на жителите од тој крај, посебно заради големите празнични собири кои се организираат на неколку наврати во годината. Од друга страна, подобрената патна инфраструктура ќе создаде подобри услови за туристички развој на овој дел од Осоговијата.

(љ.а)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе