Ори ДАГАН: Преку џезот имав убав разговор со штипјани

Штип, 28.07.2022

Во организација на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во нашиот град гостуваше Ори Даган, џез пејач од Торонто, Канада. Даган ги пееше најпознатите песни на Френк Синатра, Нет Кинг Кол и други популарни светски џез пејачи. Со уметникот кој ја освои штипската публика разговаравме за Штипски Глас.Инаку, Ори Даган е џез-кантавтор со седиште во Торонто, Канада. Има издадено три студиски албуми. На 24 октомври 2017 година, го објави Nathaniel: A Tribute to Nat King Cole како прв визуелен албум во џез жанрот; албумот беше овозможен од над 200 соработници на PledgeMusic.

Нашето прво прашање на драгоцениот гостин на Штип беше дали е ова негово прво гостување во нашиот град, на што го добивме следниот одговор:

-Да, мене синоќа ми се случија две први работи во животот. Првпат пеев пред штипската публика, но и првпат во кариерата пеев и за две кучиња кои постојано се мотаа низ публиката и пред сцената. Мене тоа ми беше посебен момент и за таа случка, секако како едно ново, позитивно искуство на синергија во рамките на тријадата џез мујзика-публика-животни ќе раскажувам на моите гостувања по светот.

Да бидам искрен мене повеќе ми е важен квалитетот од бројноста на публиката. Сакам публика која го знае џезот, која ги пее песните со мене, публика која ме разбира што е најважно за еден уметник. Во штипската бројна публика го добив сето тоа и од тој аспект јас сум презадоволен, поентира Даган

292112495_444227474273248_2245312497719486837_n           Дали бројната публика која уживеше во мујзиката на бендот кој го сочинуваа:Трајче Велков-труба, Давор Јордановски-пијано, Зоран Костадиновски-гитара и Кирил Туфекџиевски-контрабас на вистински начин ги доживеа џез интерпретациите на Ори Даган?

-Имав неверојатно топол прием. Во публиката имаше генерации од сите возрасти и од тоа како тие ја прифатија нашата интепретација на џезот заклучив дека штипјани го сакаат овој вид музика и не само дека ја сакаат туку и дека одлично ја познаваат, ни рече уметникот.

Но, да ли бројноста на публиката е најважна за еден уметник кој својот уметнички живот и својата голема дарба ја посветил на џезот?

-Да бидам искрен мене повеќе ми е важен квалитетот од бројноста на публиката. Сакам публика која го знае џезот, која ги пее песните со мене, публика која ме разбира што е најважно за еден уметник. Во штипската бројна публика го доби сето тоа и од тој аспект јас сум презадоволен, поентира Даган.

Бендот беше состав од квалитетни македонски музичари па одтука и прашањето колку време им требаше да се усогласат во односот бенд-интерпретатор?

-Со бендот се запознав на два дена пред концертот, но џез музиката е таква што музичарите на кој дел од светот да се тие бргу се разбираат и настапот го донесуваат до ниво на совршенство. Се надевам дека од тој аспект штипската публика беше задоволна, што јас го почуствував со сите свои позитивни сетила и емоции.

Во Штип дојдовте, ја фасциниравте публиката, преспавте и наредниот ден си заминавте. Од убавините и историските знаменитости на градот на видовте ништо?

-Да, тој факт стои. Но, еве, и преку вашите медиуми ветувам дека еден убав ден пак ќе дојдам во вашата убава Македонија и во Штип и тогаш ќе си дадам барем три дена за да го разгледам градот. Конечно, и за само една ноќ јас стекнав и свои-штипски пријатели и на нив им го ветив ова кое го ветувам за вашите читатели. Сакам да порачам дека мојот контакт со Македонија означува еден убав почеток на меѓусебна соработка со неверојатните музичари и со прекрасната публика која ја имате.

Штип во 1925 година ја имаше првата опера во Македонија, во 2004 година беше прогласен за првиот Град на културата во независната ни држава, градот има и етаблирано Средно музичко училиште и Музичка академија, што тоа вам ви говори?

-Ова е прекрасно да се знае и јас сум ви многу благодарен за таа информација. Тоа мене ми говори дека Штип е град со пребогата музичка традиција, и ова кое вие ми го кажувате ми го дава одговорот за квалитетната публика која ја имавме на концертот за чие одржување се погрижија уметничкиот музички центар Полифонија од Скопје и Давор Јордановски. Тоа што на музички план е Штип тоа е нешто посебно кое вие треба да го негувате за сите времиња, рече Ори Даган и испрати поздрави до сите кои ги читаат овие редови.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе