ОХРИД: Jавна трибина за состојбите во Сојузот на пензионери на Македонија

Oхрид, 05.12.2016

Голем број пензионери во државава не се задоволни од начинот на кој денес се води Сојузот на пензионери на Македонија како и одлуките кои ги носи раководството.  Поради тоа денес, на јавна трибина во Охрди, ќе дебатираат за актуелните состојби во Сојузот и ќе усвојат соодветни заклучоци.

– Мегу широкото членство на пензионери присутно е огромно незадоволство и чувство на диспропорција измегу нивните очекувања и постапките и одлуките на централното раководство во Скопје – велат организаторите.

Раководството, посебно претседателот Драги Аргировски, одлуките ги носат не во име на членството, туку во дослух со воспоставената клиентилистичка мрежа од поддржувачи во раководствата на општинските организации.

На тој начин, Сојузот, со сегашното раководство, се повидливо ги напушта основните принципи и статутарната поставеност, со што ја загуби независноста и самостојноста, а особено непартијноста, и, за жал, навлезе во водите на партиската пристрасност.

Тоа дојде особено до израз со потпишувањето на такавиканиот Протокол за соработка во изборен период, со само една политичка партија. На долг рок, зададен е удар на Сојузот, што покрена лавина реакции и иницијативи за формирање на алтернативен Сојуз, од собирите во Скопје, Штип, Прилеп, Струмица и други места.

Политички неопределените и непристрасни пензионери од Охрид, на ваквите иницијативи не смеат да останат имуни, поради што е свикана утрешната трибина, која ќе се одржи во бараката на поранешен “Гранит”, кај хотелот “Гарден“. (с.б.)

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе