Париз на Омер Калеши’’ од академик Луан Старова, објавен на француски јазик

Охрид, 12 април 2019

– Утре, 13 април, во посебен програмски сегмент, на традиционалниот “Салон на книгата на Балканот”, на кој учествуваат претставници балканските земји, ќе биде промовирана книгата ,,Париз на Омер Калеши’’, на француски јазик, на академик Луан Старова.

Покрај авторот, академик Старова, на овој високо вреднуван настан во Париз, ќе присуствува и самиот сликар, Омер Калеши, кој, повеќе од полвиина век, живее и создава во Париз во градот на светлината, а е и почесен член на МАНУ.

Станува збор за книгата разговори помеѓу сликарот Омер Калеши и писателот, водени во Скопје, Париз и Истанбул, објавена неодамна во Скопје, во издание на МАНУ, а со предговор на Ферид Мухиќ.

VELE02Омер Калеши се смета за еден од најголемите живи балкански сликари.

Роден е во Македонија, во Кичево, школуван на Академијата за убавите уметности во Истанбул, од каде заминува за Париз.

Калеши изложувал свои слики во големите париски галерии, додека за него се пишувани обемни монографии.

Последниве години, се созадваат посебни галерии од неговото сликарство во Македонија, на Косово, а последната, пред извесно време во Турција (во Бурса).

Сликарството на Омер Калеши високо го преднувале Жак Лакаријер, Жил Жуанар, Ален Боске и други.

Познатиот албански автор, Исмаил Кадаре, за Калеши има објавено и му посветил посебна монографија.

– Со мудроста и знаењето на Луан Старова и Омер Калеши, оваа единствена книга претставува благородна порака која ги урива оградите, без оглед кој ги подигнал, го обединува не само фрагментираното наследство на Медитеранот во единствен културен простор, ги релативизира и ги укинува не само етничките туку и политичките граници меѓу народите на Балканот, туку уверливо и аргументирано ја афирмира еднаквоста на сите човечки суштества и ги релативизира сите граници меѓу сите народи, промовирајќи ги највисоките естетски вредности и етички идеали како заедничко наследство на целото човештво, пишува во рецензијата, насловена “Медитерански медитации”, професор д-р Ферид Мухиќ.

Мухиќ додава дека делото е ослободено од етнички предрасуди, без најмали траги на религискаисклучивост и политички стереотипи, оваа книга е назаменливо упатство за сите почитувачи на слободната мисла и клучна лектира како за љубителите така и за истражувачите во потрага по универзалната хуманистичка вистина на уметноста и сликарството.

– Од првата до последната страница, оваа книга претставува импозантна демонстрација на интелектуалните и етичките принципи врз кои е втемелен императивот на суверено, автентично и консеквентно слободно мислење. И тука навистина би можело да се запре; слободното мислење, само по себе, претставува квалитет non plus ultra! – интелектуална доблест од која веќе не може да се оди повисоко. Таа е  своевидна енциклопедија на сликарството и теорија на уметноста, филозофска хрестоматија, антрополошка и културолошка студија од највисок ранг, и повторно, повторно – химна на слободаната мисла епитомизирана во уметничкото творештво на двајцата соговорници кои се разбираат и креативно се надополнуваат во обликувањето на секој бран од ова вистинско море на концепции, стојалишта, уметнички правци, хуманистички визии – пишува Мухиќ.

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе