Партијата на пензионерите синоќа во Охрид ја отвори првата Канцеларија, надвор од Скопје

Охрид, 7. септември. – Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), синоќа, со пригоден коктел и пријателско дружење, ја отвори првата своја канцеларија надвор од Скопје. На чинот на отворањето присуствуваа поголем број членови и симпатизери на партијата, граѓани, истакнати личности од јавниот и политичкиот живот.

Канцеларијата – седиштето на Партијата е на Туристичкиот Булевар, во објектот – “Мини базар” на “Гранит”, наспроти ОУ “Григор Прличев”.

Присутните,  мегу кои беа претседателот на ПОПГМ, пратеникот – генерал Илија Николовски, заменик градоначалникот на Охрид M-р Ангел Јанев, во лично и во својство на претставник на градоначалникот Никола Бакрачески, потоа шефот на советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид и кандидат за градоначалник професор д-р Јован Стојаноски, директорот на Управата за прашања на пензионерите при Министерсртвото за труд и социјална политика Вангел Динов, и други, ги поздрави претседателот на Општинската организација, Веле Митаноски.

– Примарниот фокусот на делувањето на ПОПГМ се грижата и унапредувањето на статусот и позицијата на полулацијата од такавиканото  “третото доба”, но со своите програмски определби, е подеднакво отворена за сите грагани, без разлика на старосно доба, социјален статус, верско убедување и национална припадност – потенцираше претседателот на ПОПГМ, генерал Илија Никовски.

Николоски напомена дека отворањето на канцеларијата беше само повод, бидејќи присуството на огромен број луге-граѓани на Охрид, беше прилика, да се поразговара за грижата на државата за популацијата од “третото доба”, од аспект на усогласувањето, односно годишниот пораст на пензиите, како и други форми и конкретни зафати на тој план. Годинава од придонеси за пензиско осигурување ќе се соберат 252 милиони евра. Тоа значи дотација од буџетот со цели 268 милиони евра за да се исплатат пензиите. Да видиме како понатаму во унапредувањето праватат и статусот на 300 илјадната пензионерска популација, а за која се врзани барем уште толку помлади граѓани на нашата земја.

Веле Митаноски, исто така, ррече дека, посебен квалитет на средбата и дала можноста да се разменат искуства и да се компарираат искуствата со сличните земји на нас. Хрватското вели дека пензиите можат да се зголемат и на тој начин, што еден дел нема да се оданочува. Хотелите за пензионерите даваат попусти.Превозот-исто така.Таму потпишуваат договори со болници и слично.

Говорејќи посебно за Охрид, Митаноски рече дека пензионерите не бараат само грижа, туку ги нудат своите сеуште присутни потенцијали, не само за унапредување на сопствениот статус, туку воопшто на условите за живот и работа на целокупното граѓанство.

– Кога станува збор за Охрид, ова е од особено значење, бидејќи градот, сам по себе, е значаен не само за овдешните пензионерите, односно за полулацијата од “третото доба”, туку и од целата земја. Најнапред со убавините, со големиот број викендици и викенд становите каде, надвор од шпицот на сезоната, престојуваат постарите лица, па се до тн. здравствен туризам, односно  можностите што градот институционално ги пружа на тој план, со Кардиолошкиот центар, каде на пост – оперативно закрепнување и опоравување, доагаат главно пензионери од целата земјата, односно Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо” – нагласи Митаноски.

Како и да е беше организирана една впечатлива манифестација, од  која можеше да се извлече заклучокот дека на лугето од тн. “трето доба”, не треба да се гледа само како на индивидуи. Тоа се главно пензионерите, чиј број изнесува нешто под 300 илјади. Затоа што не треба да се заборави дека, кај добар дел-на издршката на едниот партнер во семејството се потпира и другиот партнер, а уште епоголем е бројот на синовите,ќерките и внуците. Така што, реално, бројот на жителите, кои на еден или друг начин, се зависни од една пензија, е поголем барем за уште 200.000, што значи популација од половина милион жители.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе