Партијата на пензионери одлучно против зголемување на старосната граница за пензионирање

Скопје, 31.03.2018

„Одлучно и бескомпромисно сме против зголемување на старосната граница за пензионирање бидејќи кризата во Фондот за ПИОМ е последица на погрешните политики на сите досегашни влади. Во исто време бескомпромисно ќе ги разобличуваме сите настојувања пензиите да се прикажуваат како проблем на буџетот на државата бидејќи тоа не е вистина“. Ова, од денешното Изборно собрание не Партијата на обдинети пензионер и граѓани на Македонија, која се ребрендира во Партија на пензионери, го порача претседателот Илија Николовски.

Штипските делегата на Изборното собрание
Штипските делегата на Изборното собрание

Тој за таквиот став на Партијата даде и повеќе факти. Според Николовски, во 2015 година во државата биле нововработени 23.000 лица но само за 4.000 од нив бил уплатуван задолжителниот пензиски придонес. Од друга страна Државниот завод за статистика евидентирал од 760.000 до 770.000 вработени, а во Фондот за ПИОМ биле регистрирани 200.000 осигуреници помалку.

„Проценките се дека 55 проценти од населението во државата е надвор од пензискиот систем, ниту се корисници на пензии ниту се пензиски осигуреници. Од нив околу 50.000 лица, претежно женска работна сила кои даваат таканаречени социјални услуги (чистење, уредување и слично) иако активно работат за нив никој не плаќа придонеси. Па како тогаш може да се каже дека овие лица се проблем на буџетот“, констатира Николовски, генерал во пензија и актуелен пратеник во Собранието на Македонија.

Претседателот Николовски зад говорницата
Претседателот Николовски зад говорницата

Државата, според претседателот на Партијата на пензионери, мора да превземе мерки и активности за да го стабилизира Фондот на ПИОМ.  Пензионерите во Република Македонија тоа го заслужуваат бидејќи тие со својот минат труд, големи жртви и самоодрекувања, имаат дадено голем придонес за нашата независна, слободна и суверена држава.

„Редовната уплата на придонесите за пензиско и инвалидско осигурвање, отчетноста за приливот и трошењето на парите во пензиските фондови, но и оптимализацијата на бројот на вработени во Фондот за ПИОМ и во Фондот за здравство се основа да се избегнат ризиците по нивното натамошно опстојување. Како Партија на пензионерите ќе се залагаме повторно да се врати законската можност за одење во пензија по личен избор со исполнување на работен стаж од 35 години за жени и 40 години за мажи. Ќе бараме да се обезбеди законска можност за докуп на стаж до 3 години, со цел и граѓаните кои оствариле работен стаж од 12 години и за тоа имат платено придонеси, да остварат право на пензија“, порача Николовски.

Оваа партија ќе се заложи семејните пензии да се наследуваат во 100 проценти, а не како што денес е 70 проценти од висината на наследената пензија. Во однос на пензиите Партијата на пензионери е одлучна дека линераното зголемување кое се правело порано е противуставно и противзаконски, односно дека пензиите и во иднина ќе зависат од зголемувањето на трошоците за живот и од просечниот пораст на платите, што е уставна и законска категорија која се применува во најразвиените европски држави.

Според Николовски, како партнери во коалцијата која е на власт, Партијата на пензионери работи на донесување на мерката и за социјални пензии. Тоа е неопходно да се направи зашто во државава имаме многу граѓани кои не остваруваат ниту еден услов за пензија, а тоа пак силно ја јакне сиромаштијата. Од говорницата беше ветено дека и ова прашање ќе биде решено.

„Во нашата стратегија за стари лица ќе работиме на тоа од сегашните 0,5 проценти сместувачките капацитети да се зголемат на 3 до 5 проценти. Во таа насока ќе се посветиме на изградба на нови пензионерски домови, на герентолошки центри за стари и изнемоштени лица“, рече претседателот Николовски кој од 220 делегати на Изборното собрание едногласно доби нов четиригодишен мандат да ја води Партијата. Николовски пак од говорница вети дека Партијата на пензионери е силно посветена на мерки и активности кои се насочени кон создавање на социјално одговорно општество, односно „ОПШТЕСТВО ЕДНАКВО ЗА СИТЕ“ поради што и оваа партија силно ги поддржува политиките на СДСМ како стожер на победничката коалиција.

На Изборното собание присуствуваа и истото го поздравија претставници на поголем број политички партии кои се дел од владеачката коалиција.

чката коалиција на чело со СДСМ.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе