Патот Крупиште-Пробиштип ќе се реконструира со 6 милиони евра

Пробиштип, 20.06.2018

35819507_10210833651428398_1557691428878942208_nПатот од Крупиште до Пробиштип како посебен крак од магистралниот пат Штип-Пробиштип е еден од најлошите во државата. Полн е со нерамнини, испукан асвалт, дупки…Но, на тоа му доаѓа крајот.

-Со шест милиони евра пари од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој) овој патен правец во должина од 18,5 километри наскоро ќе почне да се реконструира. Неодамна е распишан тендер, тендерската постапка е во тек и наскоро ќе се знае кој ќе ја добие работата. Факт е дека е во прашање еден од најлошите патни правци во државата, а неговата обнова во предизборната кампања ние ја имавме означено како наш прв приоритет, ни изјави Драган Анастасов, градоначалник на  Пробиштип.

Тендерот завршува на 9 јули. Кога ќе биде завршена обновата на патот тогаш од Пробиштип до Скопје ќе се патува за околу еден час, наместо сегашните 1 час и 45 минути.

-Овој потфат е од посебно значење за нашето стопанство во кое се и двата најголеми стопански колективи рудникот за олово и цинк „Злетово“ и фабриката за акумулатори „Таб Мак“, а тука е и рудникот за неметали „Стрмош“, сите странски инвестиии. Конечно, тука се и неколкуте конфекции, а од нашата општина кон Штип секојдневно патуваат и автобуси полни со работници кои работат во штипските конфекции. Менаџерите на нашите фирми одамна укажуваат на лошата патна инфраструктур и потребата од нејзино модернизирање. Овој потфат ќе има значење и за Кратово бидејќи од Штип и Кочани до Кратово се стигнува преку Пробиштип, додава градоначалникот Анастасов.

Istokpress.mk порано пишуваше дека премиерот на Македонија се вози по најлошиот пат во државата. Стануваше збор за Емил Димитриев кој еден период беше премиер на Македонија, а кој за време на мандатот секојдневно патуваше на релација Пробиштип-Скопје. Пробиштипјани се надеваа дека „нивниот премиер“ ќе влијае за реконструкција на патот, но до такво нешто не дојде.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе