“Поетски меридијани” во време на пандемија: Реализиран Третиот Меѓународен поетско-музички “Прозорец кон светот – останете дома”

Охрид, 19. април 2020

падрон 3– Скоро три часа, синоќа, шеесетина поети и музичари од 15 земји во светот, меѓу нив и десетина од Македонија, воспоставија видео мост, со почеток од 18 часот, нешто налик на манифестацијата “Мостови” на “Струшките вечери на поезијата”(СВП).

Меѓу нив, како специјален гостин – учесник, беше и македонскиот зет, еден од најголемите живи поети на планетата (роден 1941 година, во Лас Палмас на Канарите во Шпанија), Хусто Хорхе Падрон, носителот на мундијално најголемото поетско признание – наградата “Златен венец” на СВП  (1990 година). Носител и на книжевното признание “Караманови средби”.

Toj e  почесен член на Друштвото на писателите на Македониј (ДПМ) и член во надворешниот состав на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

По повод 68. годишнината од формирањето на на ДПМ, скулпторот, академик Томе Серафимовски, на македонската писателска асоцијација, и донираше портрет на големиот шпански и светски поет, Падрон.

Учесник беше, и,  во името на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, поздрав упати претседателот на Одделот за словенскиот свет, писателот од Белград, Мајо Даниловиќ.

Учесници од нашата земја беа Даниела Андоновска Трајковска и Мирјана Стојановска, од Битола, Филип Димкоски и Тони Павлески од Прилеп, Ѓорѓи Калајџиев од Струмица, Игор Крајчев, од Велес, Марина Мијаковска, Ленче Милошевска  и Соња Серафимова од Скопје и  Веле Митаноски од Охрид.

Организатори на настанот беа Хртватското Книжевно Друштво и познатиот поет Валерио Орлиќ.

Орлиќ,  е основач на Хртватското Книжевно Друштво, уредник на литературното списание “Крик”, како и член на колегиумот на списанијата “Книжевно перо” и “Задарски книжевен летопис”. Голем вљубеник во Македонија, чест гостин на книжевни манифестации, како “Караманови средби”, “Струшки книжевни средби” и други, а е носител е на македонските книжевни признанија, ”Струшко слово” (2015) и “Слово “- Битола (2016). како и на балканската награда за поезија “Ацо Караманов” от 46.  издание на “Карамановите срдбии на поезијата” (2019).

Македонските поети, ова лето, ќе му приредат поетски портрет во Охрид, во рамките на познатата манифестација “Охридска научна визита”, на Македонската академија на науките и уметностите.(МАНУ).

Плакатот за манифестацијата го направи Искра Пенева, додека, покра, Ива Сантини, Калајџиев имаше и улога на водител, на македонски јазик.

Учесниците беа вмрежени, во живо, на You Tube. (https://www.youtube.com/watch?v=kC0TRBkwMdA&fbclid=IwAR1_Z9FUi4k4JnETl4vvFJg2dY7VjN4Cat3AoaDnhe3uubpIshDV5gaydag)

 Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе