Поповска од Дом на суд зашто наклеветила рудник

Пратеничката и претседателка на партијата ДОМ Лилјана Поповска наскоро ќе се најде на суд. Тужба за клевета против неа поднесе Друштвото за производство, трговија и услуги „Боров Дол“ од Радовиш. Во тужбата од Поповска се бара јавно извинување за изречена клевета и материјален надомест на направената штета во висина од 610.000 денари.

-На 21 јули 2017 година, на прес конференција одржана во просториите на партијата ДОМ, и на интернет страницата на партијата, Поповска изнесе тврдења во кои се изнесени клевети за тужителот и за неговиот орган на управување. Клеветата е направенма преку изјавата на Поповска дека помеѓу Радовиш, Конче и Штип се отвора нов рудник на смртта „Боров Дол“. Истата вечер изјавата на лидерката на ДОМ е пренесена на сите електронски медиуми, а наредниот ден и во печатените медиуми и интенет порталите, се вели во тужбата.

Николов и Поповска ќе се видат на суд
Николов и Поповска ќе се видат на суд

Според тужителот, изјавата на Поповска е клеветничка, лаичка и апсолутно неточна. Поповска изјавила дека рудникот Боров Дол треба да биде уште еден површински коп за бакарна руда која би се лужела со сулфурна киселина  директно во отворен базен на планината кој ќе биде уште еден рудник на смртта. Понатаму Поповска тврди дека…„И ова веројатно ќе се „поткрепи“ со лажна студија за оценка за влијанието врз животната средина“. Со тоа, стои во тужбата, тужителката алудира дека тужителот и неговиот орган на управување се лица склони на криминални дејствија спремни да лажираат резултати од студија за животна средина на сметка на здравјето на луѓето.

Во „Боров Дол“ сметаат дека вака изнесените клевети за правното лице и за неговиот орган на управување предивикале повреда на угледот на фирмата и на одговорното лице, посебно бидејќи се работи за доста чувствителна тема каква што е загадување на животната средина од што се засегнати голем круг на луѓе. Симптоматично е тоа што оваа изјава Поповска ја даде во време кога граѓаните од поголем број општини излегоа на протести против отворање нови рудници.

-Од пратеничката и лидерка на ДОМ Поповска побаравме јавно да се извини. Нашето барање го испративме во писмо по пошта, истото прво беше адресирано на седиштето на нејзината партија кое таа одбила да го прими, а второто писмо со барање за извинување го пративме на адресата во Собранието на Македонија каде таа работи како пратеник. И двете писма тужената одбила да ги прими, па ние немавме друго освен да ја дадеме на суд и таму, ако може да ги поткрепи своите тврдења, ни изјави Николајчо Николов, одговорно лице во „Боров Дол“. Тој додава дека парите кои ќе ги добијат од тужената ќе ги уплатат во хуманитарни сврхи.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе