Прва сообраќајка на затворениот за сообраќај пат Миладиновци-Штип

Штип, 14.02.2019

Вчера околу 18,30 часот на сеуште неотворениот за сообраќај автопат Миладиновци-Штип се случи првата сообраќајна несреќа. Возач на 45 годишна возраст, со автомобил Шкода и со скопски регистарски таблички удрил во претходно поставена препрека. Притоа,со тешки телесни повреди се здобил возачот, а неговите сопатници на 20 и на 32 годишна возраст се здобиле со повреди.

Според билтенот на СВР Штип, во полициската станица Штип било пријавено  дека околу 9,30 часот во Клиничката болница во Штип бил донесен В.М. (68) од Кочани, кој според пријавеното се здобил со тешка телесна повреда со која се здобил додека се качувал на трактор при што бил прегазен од тракторот.

Во текот на вчерашниот ден околу 20 часот, во полициската станица Кочани, Г.Д. (47) од село Бурилчево пријавил дека во утринските часови, движејќи се покрај реката Брегалница , во атарот на Бурилчево пронашол стара, рѓосана боева муниција , односно 40 куршуми. Куршумите се предадени на дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Кочани.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе