Прво Делчево, а потоа и Кичево со Новогодишен сатирикон

Делчево, 14.12.2017

Во четврток на 21. Овој месец,  со почеток во 18,00 часот, во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево, а во организација на ЈЛБ “Илинден“ Делчево, а со подршка на Собранието на општина Делчево ќе се одржи НОВОГОДИШЕН САТИРИКОН. Со сбои сатирични творби ќе настапат познатите македонските сатиричари Ленче Стоименова, Јане Атанасов и Миле Ѓорѓијоски. Во рамките на Сатириконот ќе биде отворена изложба на бугарска карикатура, на која,со свои карикатури ќе бидат претставени најзначајните бугарски карикатуристи. Воедно посетителите ќе можат премиерно да ги видат и карикатурите на нашиот познат карикатурист Блаже Докуле со кој на овогодинешниот фестивал во Сеул, Јужна Кореја во конкуренција на светската елита на карикатуристи освои бронзен медал. Се планира Новогодишниот сатирикон да биде традиционален.

Наредниот ден, петок, 22 декември, со почеток во 18,30 во Галерија при НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево, ќе се одржи  НОВОГОДИШЕН САТИРИКОН  во организација на НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ Кичево на кој ќе настапат македонските сатиричари Љупчо Силјановски, Витомир Долински и Миле Ѓорѓијоски,  а ќе биде организирана изложбата на бугарска карикатура. И во Кичево посетителите ќе можат премиерно да ги видат и карикатурите на нашиот познат карикатурист Блаже Докуле со кој, како што напишавме погоре, на овогодинешниот фестивал во Сеул, Јужна Кореја во конкуренција на светската елита на карикатуристи освои бронзен медал.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе