ПРОБИШТИП: Македонија ќе добие национален музеј за ретки минерали

Пробиштип, 13.12.2018

Во центарот на Пробиштип ќе никне музеј на ретки минерали. Музејот ќе биде од национално значење, а ќе се гради во овој град бидејќи тука рударството има најдолга традиција за што говори постоењето на  рудникот за олово и цинк „Злетово“ кој датира од 1928 година.

Одлука за ваква градба е донесена на седница на Советот на источниот планки регион. Вкупната инвестиција изнесува 12,5 милиони денари од кои Источниот плански регион ќе учествува со девет милиони денари кои ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој додека Општина Пробиштип ќе ги обезбеди преостанатите 3,5 милиони денари.

zlato_800x567           Идејата за градба на ваков музеј беше дадена уште на почетокот од 2013 година Тогаш во центарот на Пробиштип беше исчистена локација на која беше предвидено да се гради ваков музејот. Но, и по шест години таму не се  изгради ништо од најавеното.

При највата за изградба на Музејот на ретки минерали тогашниот градоначалник Тони Тоневски рече дека музејот ќе имал 150 метри квадратни покриен простор во кој ќе биле изложени ретките минерали кои се пронајдени или во иднина ќе се пронаоѓат во сите наши рудни наоѓалишта. Тоневски тогаш најави дека целиот проект ќе чинел 130.000 евра, дека половина од парите ќе ги обезбедила компанијата „Индоминерали и метали“ која тогаш го имаше рудникот „Злетово“, а другата половина ќе била обезбедена од општинскиот буџет. Музејот требаше да биде во форма на кристал па и со својата несекојдневна архитекруа требаше да привлекува туристи. Но, „Индоминерали и метали“ поради неодговорно раководење со рудникот мораше да се повлече од него, а од почетокот на 2016 година нов сопственик на „Злетово“ стана бугарската компанија „Минстрој“.

Од Центарот за развј на ИПР тврдат дека музејот ќе биде изграден во текот на идната година. Овој единствен музеј од ваков вид кај нас треба да ја раскажува приказната за развојот на рударството во Република Македонија. Тој треба да биде и магнет за туристите кои ги интересираа една ваква материја, а е предвидено да служи и како едукативен центар за студентите на факултети по рударство и геологија. Во Пробиштип постои богата збирка од стотина експонати ретки минерали која збирка моментално се чува во Домот на културата во овој рударски град, Богати збирки на ретки минерали постојат и во рудниците „Саса“ во Македонска Каменица и „Бучим“ во Радовиш, а се смета дека ретки минерали се чуваат и во други институции од областа на рударството и геологијата но и во приватни колекции.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе