ПРОБИШТИП: Музејот на ретки минерали нова атракција за бројни посетители

Пробиштип, 08.04.2022

Од првиот ден во тековната година, во Пробиштип, градот на рударите, беше отворен за јавноста музејот на ретки минерали. Од тој ден музејот, како единствен од ваков вид на балканот, стана атракција која привлекува се поголем број посетители кои сакаат да се запознаат со рудното богатство на нашата држава пред се, но и на држави од соседството.

-Во музејот се сместени 250 ретки минерали главно од рудници во нашата држава, а ги има и од рудници од соседните држави Србија и Бугарија. Исто така во музејот има и вулкански минерали од Везув, вели Сандра Мијалковска, директорот на Домот на култура „Злетовски рудар“, институција под чија надлежност е овој музеј.

Билетот за влез во музејот изнесува 60 денари за возрасни, 40 денари за деца, ученици и студенти додека за лицата со посебни потреби влезот е бесплатен. Секоја прва сабота во месецот, влезот во музејот ќе биде бесплатен за сите посетители.

Музејот за ретки минерали ќе работи од вторник до сабота од 10:00 до 18:00 часот. Неработни денови се недела, понеделник и државни празници.

Заинтересирани поединци и групи посетата можат да ја закажат на телефонските броеви 032 482 501 и 075 322 614.

277898692_283303293977640_4769104121346135396_n 277888683_1022813841951931_1984902486541444243_n 277855006_1011214126496509_7952067032080906697_n

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе