Продолжува реализацијата на содржините од Балканскиот поетски камп: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески”

ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ:

Охрид, 25  август 2020

– По вчерашното свечено започнување, во Охрид, Струга,Вевчани и општина Дебрца, продолжуваат да се реализираат содржините од  традиционалниот  Балкански кам за деца и млади: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески”.

Визуелно и со директно присуство, учествуваат млади автори, поетски надежи од Бугарија, Србија, Албанија и нашата земја.

Согласно препораките на Министерството за култура, Кампот се одржува со примена на јастрогите протоколи за заштита.

118356328_224421708995991_7689114423796731310_nУчесниците, мегу другото, беа во  посета на Вевчани, каде беа примени  од  градоначалникот  на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, со кого останаа во подолг пријатен разговор.

За нив, особено, беше импресивно  разгледувањето и прошетката во комплексот на недопрена природа од  вевчанските извори, но и  Спомен куќата на Михајло Пупин, таткото на глобализацијата, чии претци живееле во ова село.

Во хотелот “Дрим”, на отворено,  во амбиентот на “Струшките крајдримски ќепенци”, учесниците на Кампот имаа средба со  директорот на Струшките вечери на поезијата, Тодорче Тасевски, кој им подари книги – изданија на струшкиот поетски фрестивал.

Утре, на третиот и завршен ден,  учесниците ќе го минат во селото Црвена Вода, општина Дебрца, каде ќе имаат средба со градоначалникот на оваа општина, Зоран Ногачески.

Балкански кам за деца и млади: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески”, се одржува во организација на Здружението “Мацково”, со финасиска поддршка на Министерството за култура, општините Охрид и Дебрца .

Од оваа година Кампот се одржува  под патронат на Светската академија на поезијата на УНЕСКО, чиј генерален секретар д-р Лаура Троиси и годинава испрати специјално Послание до учесниците.

Поради откажаните авио летови, д-р Троиси не беше во можност да допатува во Охрид, иако тоа беше претходно договорено, но затоа, како нејзин пратеник,  допатува високо рангираниот член на Академијата и претседател на Одделот за Балканот и словенскиот свет, познатиот поет од Белград, Србија, Мајо Даниловиќ. Од Мелбурн, Австралија, до учесниците, специјално Посланиоое испрати и писателот,академик Божин Павловски.

Покрај честитките, од, како што пишува,  далечините, Павловски потсетува на неговиот прв престој во Охрид, пред точно половина век (1970).

– “Престојував во над 50 земји, доживеав секакви чудеса и убавини, но твојот и наш Охрид стои на чело, како некоја круна” – му се обраќа академик Павловски на основачот на манифестацијата, новинарот Веле Митаноски.

Веле Митаноски, за Здружение “Мацково”

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе