“Пролет” во зима во Охрид (ФОТО)

Охрид, 21. декември 2016– Зимата почна, а  за охригани и малиот број гости, пролетно – летните навики продолжуваат.

ohrid-prolet-vo-zimoИ денеска, на првиот официјален зимски ден,  на градскиот плоштад Свети Климент Охридски, во Охрид, летните бабчи од кафулињата беа полни со гости.

Истовремено, можеа да уживаат со музичките групи кои веќе ја започнаа новогодишната програма, како и со сончевината и сеуште прифатливата пладневна температура од десетина степени целзиусови.

Крајезерското шеталиште, другарувањето со галебите и лебедите, исто така, е неповторливо доживување замладите, додека постарите уживаа заседнати по клупите на блискиот парк.

(Крај)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе