Промовирана книгата „Приказна за старатa дама“ од д-р Даница Фичорска

Штип, 22.05.2017

  • „Приказна за старата дама“ е раритетна книга по својата наративност, по начинот на кој се опишани стотината ликови и нивните судбини, по тоа дека таа може да легне на срцето и на еден цар и на еден измеќар…

„Приказна за старата дама“ ново прозно дело на Даница Фичорска, пензионирана докторка, специјалист физиотерапевт која долги години беше раководител на Физикална терапија и рехабилитација и професор во Средното медицинско училиште во Штип денес беше промовирано во Градот под Исарот.

Пред бројни почитувачи на нејзината хумана работа и силна посветеност на доброто здравје на луѓето, како и почитувачи на нејзината префинета раскажувачка уметност, за новото прозно дело на Фичорска зборуваше пензионирата професорка Добрила Јовева, која е и рецензент на книгата.

Ficorska deca citaat            „…Во книгата на Фичорска се редат слики на болничките соби со дотраени апарати, соби во кои се испишани голем број приказни на луѓе кои во Физикалната терапија, кај доктор Даница и вработените, побарале решение за своите здравствени проблеми. Докторката, во книгата како и во животот посветен на пациентите, ги изнесува приказните на фамилијарните трагедии, напуштените деца, уништените бракови заради работа во туѓина… И сите тие бараат решение за своите проблеми од доктор Даница“, рече промоторот професор Јовева.

Обраќајќи се пред присутните, д-р Фичорска рече дека персоналот  во Физикална терапија бил целосно посветен на здравјето на своите пациенти. Појасни дека пациентите, за време на лекувањето, им ги доверувале своите најинтимни доживувања која таа ги прибележувала и решила да ги преточи во книгата „Приказна за старата дама“

Ficorska publika „Старата дама“ е всушност Физикална терапија која денес изгледа многу лошо, запуштено, со апарати co кои јас започнав да работам пред повеќе децении. Но во книгата јас се задржувам на убавите работи, на прекрасниот персонал, на пациентите и нивните животни стории кои ми ги доверуваа за време на третманите…Се надевам дека на некој посебен начин мојата книга ќе им биде од корист на многумина за да сватат дека нашите животи имаат смисла само ако ги ставиме во функција да им помогнеме на оние на кои нашата помош им е најпотребна“, рече д-р Фичорска.

А ние мислиме дека оваа книга е раритетна по својата наративност, по начинот на кој се опишани стотината ликови и нивните судбини, по тоа дека таа може да легне на срцето и на еден цар и на еден измеќар…Едноставно, книга која треба да се има во секоја, макар и малку посериозна домашна библиотека…

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе