Професор д-р Христо Петрески:Ванчо Николески, конечно, се врати дома

“Здружение Мацково”: СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

Охрид,19 јнуни 2019

– Конечно Ванчо Николески се врати дома, односно доби своја манифестација каква што одамна му доликуваше и заслужува, напиша во својата порака, поетот, претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, по повод одржувањето на Првиот Балкански Детско-младински поетски Камп: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески .

b02_800x301– Во неговата родна, револуционерна Црвена Вода, каде водата и зеленилото бликаат од сите страни, повторно се врати детскиот џагор, нивната лирска песна, мечтите се претворија во реалност, а сегашноста се престори во фантазија… Нека бидат вековити и далекусежни чествувањата и средбите посветени на бардот на литературата за деца и млади, Големиот Ненадминатиот и Единствениот Ванчо Николески. Благодарејќи му на неуморниот и инвентивниот Веле Митаноски и неговите колеги и пријатели – истомисленици, годинава е поставен камен-темелник, стожер и меѓник на творештвото, другарувањето, човекувањето. И нека така биде и остане и во наредните години и децении, за навек, напиша проф.д-р Христо Петрески, претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија.

Манифестацијата денеска продолжува во Црвена Вода, а завршува утре претпладне со прием кај директорката на НУ Библиотека “Григор Прличев” во Охрид, Гордана Змејкоска, која ќе им ги претстави оригиналните, најрани дела на Николески, печатени веднаш после ослободувањето на земјата, по Втората светска војна.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе