РАДОВИШ: Рудникот БУЧИМ со добивка од 16 милиони евра

Радовиш, 30.04.2020

Деловната 2019 година рудникот за бакар Бучим кај Радовиш кој ископува една од најсиромашните руди со бакар во светот ја заврши со добивка од 16,1 милион евра пред одданочување, што е 83 проценти во споредба со финансискиот резултат од 2018 година. Во истата година рудникот има инвестирано 5,1 милиони евра, најмногу (4 милиони евра) во трошоци за одржување и поправка на објектите, за 670.000 евра е купена опрема, 130.000 евра се инвестирани во ресорот безбедност и здравје при работа додека во заштитата на животната средина рудникот вложи нешто над 100.000 евра.

„Задоволни сме од производните резултати. Имено, во минатата година преработивме 4,248 милиони тони руда, што резултираше со производство на 31.226 тони сув бакар концентрат, кој  содржи 6.512 тони бакар 593 килограми злато и 937 килограми сребро, а се произведени и 719 тони катоден бакар со квалитет од 99,99 проценти“, вели Николајчо Николов, заменик генерален директор во рудникот.

nikolajco nnnnОд работата на рудникот корист има и државата во чиј буџет Бучим, за 2019 година, уплати данок на добивка во износ од 1,661 и концесиски надомест од 268.840 евра. И општина Радовиш доби убави пари во износ од 953.160 евра како концесиски надомест кој и припаѓа на општината на чија територија е рудникот.

Просечната нето исплатена плата во 2019 година изнесувала 534 евра, во заштита на животна средина се вложени нешто над 100.000 евра, а убави пари легнаа и во буџетот на Општина Радовиш на име концесиски надомест.

Минатата година просечно исплатената месечна плата изнесуваше 534 еврапо вработен што е за два проценти пониска плата од 2018 година.

-Во 2019 година, со цел за да се обезбеди оперативната ефикасност и да се продолжи животниот век на работењето на компанијата најмалку до 2030 година, Бучим ДОО Радовиш започна со развој на новиот проект Боров Дол, кој ќе го наследи 40-годишниот рудник Бучим. Стратегијата на компанијата е да се изврши транзиција кон новиот проект, притоа да се минимизираат влијаниата врз животната средина, да се зачуваат работните места на повеќето вработени во рудникот Бучим, а исто така и да се создадат и нови можности за работа за жителите на локалните општините, потенцира Николов. .

Вкупната инвестиција во проектот Боров Дол во 2019 година изнесуваше 33,6 милиони евра. На почетокот на второто тримесечје од 2020 година, Боров Дол доби дозвола за градба од Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и според планот ќе стартува со производство во септември 2020 година.

Кристина Крстева

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе