Радоста на Штип

Штип, 28.05.2018

Уметничката галерија Безистен беше преполна со граѓани кои сакаа да ги слушнат малите пијанисти од основното музичко училиште во Штип. Дваесет ученици, надежни пијанисти, некои од нив идни членови на некоја од нашите и/или европски филхармонии, други идни педагози, или можеби самостојни музички уметници изведоа дела сонати, етиди, менуети, сонатини, прелудиуми од најпознатите светски класици.

AF02Беше тоа, Радоста на Штип. Така овој преубав настан го нарече д-р Страшко Стојановски, професор по социолошки науки на УГД со кого заедно ја следевме програмата.. Професорот точно ја погоди дефиницијата за ова извонредно случување. Ова зашто цел еден час, колку што траеше програмата, аплаузите, силни и искрени, не престануваа.

AF01Професорите по пијано м-р Марија Максимова, Бисера Иванова, Павлина Димитрова, м-р Славчо Величков, Јасмина Бикова-Стојанова, м-р Александра Трајкова, Гоце Костадинов, Катица Андонова, м-р Анита Љуботенска, Елена Ефремова и м-р Гордана Тренчева-Јанкова имаат право на своја гордост за тоа како ги учат децата да навлезат во тајните на пијаното.

Пред клавирот продефилираа Елена, Јована, Стефан, Кристијан, Весна, Бисера, Симон, Теодора, Ива Г., Ирина, Борис, Јасна, Зоран, Ива С.,. Андреа, Тина, Никола, Меланија, Сандра и Сара. И сите до една/еден добија големи аплаузи за своето музицирање.

Вечерва во 20 часто е годишниот концерт на учениците од средното музичко училиште „Серѓеј Михајлов“.

(и.б.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе