РИЛАК: На 30 септeмври гласаме за сигурна иднина и квалитетн живот

Штип, 19.09.2019

„Со гласањето ЗА македонско-грчкиот Договор си обезбедуваме членство во најмоќните семејства на држави во светот – ЕУ и НАТО и ќе бидеме рамноправни со сите тамошни членки, рамо до рамо со нив заеднички ќе ги носиме одлуките. Европската Унија е семејство на народи – каде што земјите си помагаат една на друга за да изградат заедничка безбедност, да споделуваат можности и да создаваат економски придобивки за секоја земја членка на семејството“, изјави Никола Рилак, претседател на ЛК на СДММ -Штип.

Рилак посочи дека се отвора патот за старт на преговори со Европската Унија во јуни 2019 доколку Македонија го одржи реформскиот напредок особено во делот на итните реформски приоритети. А, тоа значи дека европските фондови за Македонија ќе се зголемуваат. Европската Унија и досега вложувала во нашата земја и особено во нашата Општина: Во 2011 година, Општина Штип добила 90.000 евра за проектот Туризам без граници, за набавка и инсталација на Инфо терминали за поврзување и унапредување на развојот на туризмот во Општините Штип, Крива Паланка и Ќустендил.

„Во 2013 година, Општина Штип добила 185.000 евра за проектот поврзан со мрежа на мултимедијални центри во прекуграничниот регион и градење мултимедијални центри во Штип и Брезница. Општина Штип добила 120.000 евра за изградба на локален пат до село Долани преку проект МСИП за подобрување на општинските услови. И тоа се само дел од средствата што Општина Штип ги има добиено од Европска Унија, а многубројни се проектите и средствата од ЕУ добиени за јакнење на прекуграничната соработка“, рече Рилак.

Општина Штип веќе аплицира за средства за повеќе проекти кои ќе значат возобновување на постоечката инфраструктура, изградба на нова инфраструктура или подобрување на условите за работа на оние кои се задолжени за општо добро. Неодамна Општина Штип доби финансиски средства од Европската Унија во висина од 832.000 евра за промовирање и зачувување на културното наследство и традиции преку изградба на Етно Центар во Ново Село.

Со зачленувањето во ЕУ ни се отвораат многу врати и ни се презентираат многу можности. Вкупната годишна EУ помош за Македонија изнесува 90 милиони евра, односно 260.000 евра дневно. Тоа е значајна сума пари којашто ќе се вложува во подобрувањето на животите на секој од нас.

Затоа е важно заедно да го избереме повисокиот животен стандард. Заедно да си ја обезбедиме подобрата иднина.

На 30 септември да гласаме ЗА квалитетно живеење и сигурна иднина во Македонија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе