Рудникот Боров Дол го поддржа првиот Social Day во Северна Македонија

Боров Дол, 12.11.2021

На 10 овој месец во нашата држава за прв пат се одржа  Social Day – ден во кој што средношколците заменија еден училиштен за работен ден, при што својата дневница учениците ja донираа во фонд за поддршка на реализирање на младински проекти во државата.  ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш, во соработка со Здружението на граѓани Младите Можат – Youth Can и германската фондација Schuler Helfen Leben, ја поддржа глобалната иницијатива Solidarity Action Day- Social Day која што за прв пат годинава се одржа во Северна Македонија.

Вкупно 26 средношколци, 14 од СОУ Гимназија “Славчо Стојменски” – Штип и 12 ученици од СОУ “Коста Сусинов” во Радовиш, имаа можност еден ден да бидат дел од тимот на Боров Дол и да ја искусат работната динамика во рудникот, со тоа што ги извршуваа работните задачи и должности на геолог, инженер еколог, раководител на служба за финансии и сметководство, референт за сметководство, раководител на сектор за човечки ресурси, главен енергетик, раководител на комерција, оператор во диспичерски центар, инженер за безбедност и здравје при работа, раководител на производствено техничко одделение, главен машински инженер, секретар и архивар.

Средношколците, освен што имаа можност да научат нешто повеќе за задачите и одговорностите при работењето, имаа можност и да ги разгледаат потенцијалните области за вработување и насоки за понатамошно образование. Еднодневниот работен ангажман на средношколците им овозможи одблиску да  се запознаат со работна позиција која посакуваат да ја работат во иднина, да научат нешто повеќе за одбраната струка, да стекнат искуство на работно место во реални услови, да ги поврзат стекнатите теоретски знаења со практични вештини, а воедно и да се здобијат со проширена можност за избор на занимања и согледување на можности за професионален и кариерен развој преку споделувањето на експертизи, знаења и искуства од страна на вработените во Боров Дол. Покрај извршувањето на работните обврски, учениците имаа можност за разглед на рудникот и да се запознаат со целокупниот работен процес во Боров Дол.

Средношколци од штипската гимназија „Славчо Стојменски“ и од СОУ „Коста Сусинов“-Радовиш еден работен ден на рудникот Боров Дол поминаа како геолози, инженери екологисти, раководители на служба за финансии и сметководство, раководители на сектор за човечки ресурси, главни енергетичари, инженери за безбедност и здравје при работа….

Отворени сме за соработки кои што допринесуваат кон поддржување и развој на младински иницијативи. Среќни сме што бевме дел од реализацијата на првиот Social Day во Република Северна Македонија , кој промовира солидарност и активизам помеѓу младите. Боров Дол  “вработи“  26 средношколци, кои имаа можност преку назначените ментори да се запознаат со работната динамика во рудникот. Се надеваме дека успеавме да ги прошириме хоризонтите на учениците во контекст на нивното идно професионално позиционирање и ги поттикнавме да започнат да размислуваат за својот професионален и кариерен развој. Особено ни е драго што дневницата којашто ја добија за работењето на овој ден ќе ја донираат во младински фонд кој има за цел да поддржи проекти на различни младински иницијативи,” – изјави Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Social Day  или низ Европа познат како Solidarity Action Day e ден во кој што средношколците заменуваат еден училиштен за работен ден, при што својата дневница учениците ja донираат во фонд за поддршка на реализирање на младински проекти во државата. На овој ден средношколците, наместо да посетуваат редовна училиштна наставa, се ангажираат и работат на одредена работна позиција. Нивната плата од тој ден го формира фондот кој понатаму организациите го користат за поддршка на проекти за и од млади. Овој концепт иако е нов кај нас, во држави како што се Данска, Норвешка и Италија постои и се применува со децении.

Во организација на здружението на граѓани „Младите можат“, на 10.11.21 за прв пат во Република Северна Македонија се одбележа Social Day. Во одбележувањето учествуваа 30 општествено одговорни домашни компании кои овозможија неколку работници споредно по компанија да ги отстапат своите работни позиции за еден ден и да го донираат своето време, знаење и дневница кон фондот за млади.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе